Скандал во ,,Форд” – работниците открија како биле прелажани милиони купувачи

„Ја знаевме нивната тајна и не сторивме ништо во врска со тоа“, потврдија седумтемина вработени кои работеле на развивање и лансирање на моделите „Фиеста“ и „Фокус“ ​​од Форд.

Поточно, моделите на автомобили со неисправни менувачи се продадени на клиенти без шанси воопшто да се поправат.

„Нашите раце се валкани. Се чувствуваме лошо“, рече еден од инженерите, кој сакал да остане анонимен,а одиграл клучна улога во склопувањето и проверката на спорните автомобили.

На прашањето дали компанијата ги игнорирала раните предупредувања на своите експерти за дефект на менувачите, вработен во „Форд“ потврди дека „возилата биле испавни кога биле тестирани, но за време на пробното возење и откако поминале илјадници милји, тие биле свесни дека нешто не е во ред. “.

Инженерот изјави: „Ни беше кажано, не проверувајте ништо’. Ни беа дадени чудни наредби. После тоа, ако поставите прашања, вие сте обвинети за бунт. Некои колеги дури се обиделе да направат нешто, но без никаква корист, а на повеќето рацете им биле врзани. Сепак, бевме свесни дека ваквите преноси ќе предизвикаат механичка катастрофа “.

Тоа се однесувало на менувачот DPS-6 со двојна спојка наречен PowerShift, кој беше користен во два милиони продадени автомобили Фокус и Фиеста оваа деценија, што стана предмет на масовни парници и истраги за федерални измами, пренесува Yahoo News.

Најголем проблем со единицата ДПС-6 е што Форд продавал автомобили со овој шестстепен ДЦТ, „и покрај тоа што знаеше дека преносот не може да се санира“. Форд е свесен за степенот до кој е лош DPS-6 уште од 2011 година. Дизајнот е толку неуспешен што може да предизвика тотална загуба на енергија при возењето, како и брзина на автопат.

Во јули 2018 година, комисија од Лос Анџелес му додели отштета од 554.000 американски долари на сопственик кој го обвини Форд за „измама што му продал Фокус со ДПС-6, и покрај тоа што знаел дека не може да се поправи“. Со други зборови, компанијата Ford Motor го излажала клиентот.

Во Црна Гора уапсена директорката на Агенција за спречување корупција

Директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора,Јелена Перовиќ,  вчера била уапсена, соопштија црногорските медиуми.

Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на Агенцијата и по претресот на просториите, како и службениот автомобил на директорката, Перовиќ е лишена од слобода.

„По извршениот претрес во канцеларијата и службеното возило, по наредба на Специјалното државно обвинителство, службениците на Специјалното полициско одделение поради основи на сомнение ја лишиле од слобода директорката на Агенцијата за спречување корупција на Ј.П. дека во текот на изминатата година и до април годинава сторила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба“, соопштија од Специјалното полициско одделение.

Црногорските медиуми пренесуваат дека полицијата вршела и претрес во нејзиниот стан и во други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело.

Во Велес исчезна 56-годишен маж

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 17 април, во 14:30 часот од страна на 66 годишниот Б.С било пријавено дека неговиот 56 годишен брат Г.С се оддалечил од домот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

За викендот дожд и грмежи, а на планините снег

 Во петок и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. 

Утре претежно во јужните делови, а во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи, соопшти УХМР.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

притисни ентер