Мистериозно: Стотици птици паднале мртви од небото (ВИДЕО)

Хана Стивенс вчера здогледала огромно јато како паѓа на земјата северно од селото Бодедерн, Велс.

Околу еден час подоцна, кога се вратила дома, ги видела птиците како лежат мртви на патот. Му се јавила на партнерот Дафид Едвардс и му кажала што се случило.

„Ми се јави на телефон и рече дека не може да верува во она што штотуку го видела. Да бидам искрен, јас не и поверував веднаш.“, изјави Едвардс за Скај њуз.

Едвардс реши да оди на местото и самиот да види што се случило.

„Беше многу вознемирувачко. Мислам дека видов стотици мртви птици. Инстинктот ми кажува дека биле отруени, но не знам. Тешко е да се каже“, рече Едвардс.

Двојката контактирала со полицијата и Агенцијата за заштита на животните, кои веднаш почнале со истрагата.

Кралското друштво за заштита на птиците (РСПБ Велс) за Скај њуз соопшти дека се многу загрижени за тоа што го виделе.

„Овој вид птици се на црвената листа. Сакаме да бидеме сигурни дека властите навистина го истражуваат инцидентот. Но, засега е важно да не се шпекулира за причината“, соопштија од РСПБ Велс.

Врховен ја уважи жалбата на таткото на Вања, излегува од притвор

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител ја уважи. 

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

Првите шест француски воени авиони Рафал слетаа во Загреб (ВИДЕО)

Две години и пет месеци откако Министерството за одбрана на Република Хрватска потпиша договор со Франција за купување на ескадрила користени повеќенаменски борбени авиони Рафал, првите шест авиони од типот Ф3-Р слетаа на аеродромот Плесо.

Така започна конечната реализација на зделката вредна 1,2 милијарди евра, што Загреб требаше да ги одвои за 12 авиони, опрема, резервни делови и обука на пилоти.

Летот од Бордо до Загреб траел еден час и 40 минути, а четири едноседи и два двоседи влегоа во хрватскиот воздушен простор над северниот дел на Јадранот.

„Рафал е авион со два мотори што има напредни сензори, напредни електронски системи... Тој е еден од ретките авиони што може да се наполни со гориво во воздухот, односно од други авиони. Има супер крстарење, може да оди со брзина од 1,4 мах без согорување на дополнително гориво, што го зголемува неговиот домет, а ја намалува потрошувачката на гориво И обично ќе најдете во литературата дека не е повеќенаменски авион, туку омни-наменски“, објасни Давор Третињак, раководител на Секторот за оружје и опрема на Министерството за одбрана.

„Добивме авион кој е „менувач на игри“, кој тотално ја менува играта во секој поглед. Со Rafale стануваме респектабилна сила во заштитата на воздушниот простор и им даваме можност на сите други да видат што имаме. Ништо не криеме, но јасно знаеме дека моментално сме во ваква ситуација со Rafale, со неговите способности, со луѓе кои се едуцирани да ја користат таа платформа на сили во регионот и како НАТО сојузник сме за почит“, рече бригадир Станко Хржењак од Одделот за воздухопловна безбедност на ХРЗ.

Идентитетот на луѓето кои биле во Франција на обука за пилотирање на Рафал е тајна.

Свеченоста за прием на првата група авиони се одржа во касарната „Полковник Марко Живковиќ“ во Плесо кај Загреб, каде ќе бидат сместени авионите долги 15,3 метри, со распон на крилата 10,9 метри и висок 5,34 метри. Целиот настан во организација на Министерството за одбрана беше директно емитуван на четвртата програма на ХРТ.

Во комплексот со вкупна површина од околу 20.000 метри квадратни, наменски се изградени нови згради за симулатори и ескадрила, хангар за одржување, згради за одржување на мотори, магацин за резервни делови и хангар за сместување на авиони. Вредноста на целиот комплекс се проценува на околу 37 милиони евра, пишува хрватскиот портал Index.hr.

По заменикот на Шојгу, Русите го уапсија и олигархот Александар Фомин

Ко-основачот на градежната компанија „Олимпсистрој“, Александар Фомин, е уапсен под сомнение дека го поткупил Тимур Иванов, поранешниот заменик на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

На Фомин му е одреден притвор до 23 јуни, објавија локалните медиуми, пренесе АП.

Според истрагата, Фомин на Иванов и на другите лица инволвирани во корупција им давал услуги „во форма на ослободување од обврската да платат за стоки, работи и услуги поврзани со поправка или реконструкција на зграда“.

Судот во Басман во Москва претходно му одреди притвор и на Иванов до 23 јуни поради примање поткуп при склучување договор за Министерството за одбрана.

Во случајот бил вклучен и Сергеј Бородин, кој исто така е приведен.

Тие се обвинети за примање поткуп во исклучително голема сума.

Во Министерството за одбрана, Иванов ја надгледувал изградбата и ремонтот на ресорните објекти и бил одговорен за организирање на управувањето со имотот на министерството, а, според судот, се здружил со Бородин и трети лица за примање мито при склучување договори за министерството.

притисни ентер