Откриен мотивот за масакрот во Чешка, кога инженер во болница уби шест лица (ВИДЕО)

Шест лица загинаа утрово во пукање во универзитетска болница во чешкиот град Острава.

Три лица се повредени, оперирани и се под медицински надзор. По неколку часови претрес, полицијата го нашла напаѓачот во автомобил што го користел за да избега, но пред интервенцијата човекот се застрелал во главата и се самоубил, потврди чешката полиција.

- Го фативме сторителот. Еден 42-годишен маж си пукал во главата пред да биде уапсен од полицијата и починал на лице место. И благодариме на јавноста за трпеливоста и помошта - напишаа на Твитер.

Станува збор за градежен инженер, Цтирада В. (42), чиј идентитет го пренесуваат чешките медиуми.

- Си замисли дека е сериозно болен и никој не сакаше да го лекува. Тој бил во сите болници, кај сите лекари. Минатиот месец, заради ова, тој воопшто не дојде на работа. Дојде пред 14 дена и рече дека е на боледување. Не сакам повеќе да зборувам за тоа “, изјави неговиот соработник , Зигула.

Директорот на болницата Јиржи Хавралант изјави дека напаѓачот бил во чекалната околу седум часот наутро, како и сите други пациенти, но потоа одеднаш почнал да пука без причина. Застрелал девет лица, од кои шест починале. Од тројцата повредени, двајца се стабилни по операцијата, а лекарите сè уште се борат за еден живот.

Пукањето било пријавено нешто по 7 часот, а пет минути подоцна првите полициски возила биле на местото на настанот. Човекот отворил оган со кратко огнено оружје за кое наводно немал дозвола, а директорот на болницата потврдил дека сите убиени биле пациенти. Премиерот Андреј Бабиш изјави дека пукал одблизу и ги погодил жртвите во главата и вратот.

Напаѓачот потоа избегал во сиво Рено Лагуна и болницата била евакуирана. Полицијата ја објави наводната фотографија на Твитер, но брзо ја повлекоа бидејќи станува збор за сведок, а не за напаѓачот.

По едночасовна потера, полицијата го лоцирала автомобилот и го опколила околу 10:30 часот. Пред да одговори, 42-годишникот се застрелал во главата и останал мртов на самото место, соопшти полицијата на Твитер.

- Полицијата го пронајде автомобилот, се слушна истрел. Го утврдуваме идентитетот на човекот кој си пукаше во главата пред полицијата да може да преземе акција, напишаа тие.

Осврнувајќи се на нападот како голема трагедија, чешкиот премиер Андреј Бабиш рече дека напаѓачот е веројатно ментално болен човек кој немал помошници.

Пукањето во болницата Острава е второто најтешко пукање во историјата на земјата. Во февруари 2015 година, еден маж влегол во ресторан во градот Ухерски Брод, убивајќи осум лица, а потоа се самоубил.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

Лукаревска во Штип: СДСМ не се откажува, ќе го штитиме достоинството на пензионерите

Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ.

Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме.

Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија.

Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас.

Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите.

СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите.

Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо.

Заслужиле и многу повеќе.

Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари. Пензиите ќе се усогласуваат секој Јануари и Јуни, системски. Пензионерите нема да зависат од ничија милост, се им е заслужено и одработено, имаат право на спокоен живот.

Имаат право и на поголема институционална грижа, на тие што им треба. Потребни се повеќе и подостапни домови за стари лица. Предвидовме изградба на уште најмалку 12 нови.

Не чека уште многу работа, за подобра иднина на сите.

Затоа да останеме заедно и единствени. За да продолжиме да живееме достоинствено.

За да живееме така како што посакуваме сите, европски, во нашата Македонија.

Победата на СДСМ на овие избори, ќе биде победа на сите и за сите. И затоа не се откажуваме, ќе останеме заедно и заедно ќе ја славиме победата на европска Македнија, рече Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 3 и заменик претседателка на СДСМ.

.

притисни ентер