Падна уште едно табу во Австралија – Легализирана еутаназијата

Западна Австралија прогласи закон со кој се легализира еутаназијата, доброволен и помогнат крај на животот, со што стана единствена австралиска федерална држава, каде е решена оваа табу тема.

„Денеска покажавме дека барем во Западна Австралија можеме да направиме одлични работи“, рече премиерот на Западна Австралија Марк Мекгоуан по историското гласање.

„И во овој парламент имаме големи, сочувствителни срца и подготвени сме да го преземеме политичкиот ризик за да ја направиме вистинската работа“, додаде тој.

Во горниот дом на државниот парламент, законот за доброволно, асистирано умирање беше одобрен минатата недела, откако беа изгласани 55 амандмани на првата верзија на законот, воведен од тамошната левичарска влада.

Предлог-законот потоа се врати во Долниот дом, а амандманите беа ратификувани во вторникот по емотивна и долга дебата. Откако беше усвоен законот, членовите на парламентот разменија прегратки, додека посетителите во галеријата на парламентот го поздравија неговото усвојување.

Западна Австралија усвои закон за еутаназија по историското воведување на правото на доброволна смрт, кој беше одобрен во 2017 година во австралиската држава Викторија.

После 18 месеци спроведување, опцијата за терминално болни пациенти да го завршат животот со смртоносна комбинација на лекови во Викторија, е достапна уште од јуни.

„Ова не е време за славење“, изјави државниот секретар за здравство Роџер Кук, кој ја надгледува презентацијата на законот.

„Сите знаат за што се однесува овој закон ... Се работи за избор на сочувство и право на глас“, рече министерот.

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

притисни ентер