Без струја утре делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од општините Сарај, Сопиште, Ѓорче Петров и Студеничани, соопштуваат од РСЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка, општина Сарај.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„10" во село Долно Соње, општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без стрја ќе останат корисниците од улиците бр. „19" и бр. „25" во село Волково, општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 10:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Студеничани и Морани, Општина Студеничани. 

Ведро со северен ветер, утринските температури под нулата

Од денеска во следните неколку дена следува период на стабилно време со слаб до умерен северен ветер. 

Утринските температури ќе бидат под нулата, а во текот на денот температурите ќе достигнат до 13 степени.

За денеска, синоптичарите најавуваат стабилно време со минимални температури од -10 до -2 степена, а дневните температури ќе се искачат до 10-тиот степен.

Најстудено, според најавите, ќе биде во Маврово и Берово каде се очекува утринската температура да биде -6 степени, а најтопло во Гевгелија.

Слично време ќе има до крајот на неделата. Најтопло ќе биде во вторник кога дневната температура според најавите ќе биде до 13 степени./МИА

Од затвор во Парагвај избегале 75 затвореници

Најмалку 75 затвореници, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група избегале од затвор во пограничен град во Парагвај.

Веднаш е сменет управникот на затворот.

Службени лица соопштуваат дека е откриен е тунел, кој затворениците го ископале за време на операцијата за кој се сомнева дека затворските службеници знаеле, како и дека во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.

„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес, пренесе „АП“.

Перес на новинарите им рекла дека покрај управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесе „Ројтерс“.

Министерот за внатрешни работи Еуклидес Акведо соопштил дека е можно тунелот да служел како мамка за да се покрие вмешаноста на затворските службеници, како и дека е можно на многу затвореници да им е дозволено да излезат од затворот преку главната капија.

Акведо рекол и дека поголем број од побегнатите затвореници биле членови на озогласена бразилска криминална организација.

Пограничната област во близина на градот Педто Хуан Кабаљеро се смета за транзитна точка за криумчарење дрога и други криминални активности.

Видео: Рекордна количина на снег во Канада

Рекордна количина на снег на истокот од Канада во регионот Њуфаундленд.

Локалните власти во петокот прогласиле вонредна состојба а денес е продолжена. Силни врнежи од снег затрупаа автомобилите и створиле високи наноси од снег по улиците.

Локалните медиуми јавуваат дека аеродромот Сент Џон е затворен заради вонредни временски услови, а министерот за природни ресурси Сеамус О Регал вели дека приоритет е чистење на улиците.

„CP24“ јавува дека за чистење на регионот се ангажирала и војската.

Корисниците на социјалните мрежи ситуацијата ја опишаа како „snowmageddon“ (снежен армагедон), а на снимките се гледа како луѓето мораат да копаат низ снегот за да искочат од своите домови.

притисни ентер