Влада: Двотретинско мнозинство за Законот за одбрана, наместо лицитација со ратификацијата

Двотретинско мнозинство очекуваат од Владата за Законот за одбрана, кој е ставен утре на седница на Собранието. 

Извори од Владата велат дека наместо да се лицитра со датумот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, сега е момент партиите да гласаат за Законот.

Единствен аргумент на ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од Владата, во моментов е дека нема да дадат поддршка затоа што на законот стоело името Република С. Македонија и додаваат дека истото име стои и на ратификацијата, која треба да помине во Собранието.

Неодговорно е брифираат од Владата, на последниот чекор пред НАТО да се тера партиска политика.

Шпанија би требало до крајот на јануари да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, според ветувањата и прогнозите кои му ги дал шпанскиот премиер Педро Санчез на неговиот македонски колега Зоран Заев на средбата на маргините на Самитот на НАТО во Лондон.

Санчез изразил надеж дека сите процедури во Шпанија околу формирање на Владата и комлетирање на Парламентот со сите негови работни тела би завршило до почетокот на следниот месец, а ратификацијата би се случила на крајот на истиот месец.

Во врска со тоа дали постои план Б, доколку Шпанија не го ратификува протоколот дотогаш, а нашето Собрание се распушти на 11 февруари поради изборите најавени за 12 април, од Владата брифираат дека може да разбоработат варијанта, според која ќе дадат предлог за условно ратификување, односно да се донесе одлука во Парламентот и таа да биде објавена во Службен весник, откако Протоколот ќе се ратификува во Шпанија.

-Постои таква пркса, но не би сакале да ја применуваме и тоа е право на Владата, таа е предлагач, велат извори од Владата и додаваат дека ова прашање не треба да се потлизира од опзоцијата, која нема право да дава таков предлог.

Со нашето членство во НАТО, појаснуваат од Владата, ние и формални и фактички ќе бидеме инкорпорирани во воените структури на Алијансата.

Големи се придобивките за земјата по влезот во НАТО, земјата ќе има политички прашања, понекогаш тешки политички прашања, но тие нема да бидат егзистенцијални. Сепак, одговорноста е на нас самите, додаваат владини избвори, бидејќи не постои „НАТО, кој може да те спаси од твојата глупост".

Не сите земји-членки исто го искористиле членството, некои се рекалсирале и мислеле дека со влезот ја завршиле својата работа, но, како што велат од Владата, земјата ќе продолжи да работи во насока на она што го ветила.

Акцент меѓу другото ќе биде ставен на модернизација на Армијата, пред се опремување на лесната пешадија, бидејќи таа ни е главниот капацитет, со кој ќе се декларираме во НАТО.

Во однос на ветувањата од Велс, два отсто од Буџетот да одвојуваме за НАТО и 20 отсто од целокупниот буџет во земјата да оди за одбраната – првото според плановите ќе се реализира до 2024 година, а второто веќе следната година.

За следната година е планирано и пополнување на НАТО структурите со наши луѓе. Мисијата во НАТО ќе брои околу 20 луѓе од одбрана и десет до 15 од МНР и други институции.

Од Владата очекуваат догодина 80 отсто од одбранбената мисија да биде пополнета, а во рамки на НАТО командата како структура Северна Македонија ќе има околу 20 позиции.

Земјата веќе придонесува во НАТО операциите, а тие бројки со членството ќе се зголемуваат.

Земјата има декларирано лесна пешадиска борбена група, која брои околу илјада луѓе, кои треба да бидат соодветно опремени, извежбани, обучени, да бидат на располагање. Од Владата очекуваат таа борбена група целосно да биде подготвена околу 2024/25 година.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер