Преку заеднички часови до поголема етничка интеграција на младите во Скопје

Во учебната 2018/2019 година, заедничките часови се реализирале во четири средни стручни училишта во Град Скопје .

Градот Скопје заедно со Министерството за образование и наука и претставниците на УСАИД и ОБСЕ, како и Македонскиот центар за граѓанско образование денеска ја претставија завршницата на проектот за интегрирано образование, односно за изведување заедничка настава на деца кои редовната настава ја посетуваат на различен јазик.

Во учебната 2018/2019 година, заедничките часови се реализирале во четири средни стручни училишта во Град Скопје – СЕПУГС „Арсени Јовков", АСУЦ „Боро Петрушевски", СУГС „Браќа Миладиновци" и СГГУГС „Здравко Цветковски". Оваа учебна година се вклучиле и две дополнителни училишта: СУГС „Јосип Броз Тито" и СУГС „Димитар Влахов".

Целта на заедничките часови во редовната настава во кои учествуваат млади од различни етнички заедници е да се подобри меѓуетничката соработка и интеграција меѓу нив, како и да се зајакнат нивните граѓански и демократски вредности. Во второто полугодие на учебната 2018/2019 година се реализирале над 700 заеднички часови во кои учествувале над 450 ученици.

Идејата, како што рече денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на промотивниот настан „Заеднички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици во градот", е во сите училишта во текот на наредните пет години да вклучат што е можно поголем број ученици.

Тој посочи дека запознавањето едни со други ќе овозможи да се надминат стереотипите и во целост да заживее концептот на „Едно општество за сите". Од тие причини, информира Шилегов, Град Скопје ја усвои Стратегијата за интегрирано образование што треба да се имплементира во наредните пет години.

– Конечно да успееме наместо делење на децата по национална основа во различни смени и училишта, образовниот процес во средните училишта во нашиот град да се одвива заеднички без оглед на тоа на кој наставен јазик децата го изучуваат образовниот процес. Ова за мене не е амбициозна програма, туку е неопходност што како држава и општество мора да ја спроведеме, рече Шилегов.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, пак, рече дека со конретни чекори даваат придонес во зајакнување на меѓуетничката толеранција и интеграција и во областа на образованието.

– Ова е еден наш голем прироритет кој е предвиден и во новиот Закон за основно образование.При креирањето на образовните политики и практики неретко се соочуваме со ситуации во кои треба да се донесат храбри, но вистински одлуки. Токму таква беше и оваа одлука, односно активност за одржување заеднички часови во редовната настава со учениците кои учат на различни наставни јазици. Градењето на едно општество за сите заедници и негувањето хармонични односи кои се темелат на почитување на различностите се всушност меѓу основните начела и во новиот Закон за основно образование, рече Адеми. 

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за афера „Канабис“ поврзана со власта

Дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта?

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција обвини дека СДСМ и претседателот на партијата Зоран Заев надвор од законските одредби за само неколку месеци дозволиле хипер-продукција на лиценци за канабис, кои биле доделени на фирми блиски до власта. Јанушев кажа дека од мај 2016-та до мај 2018-та биле изададени само пет лиценци за одгледување канабис и две за екстракција., додека во 2019-та Владата издала 31 лиценца, а околу 20-тина фирми се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат.

“ Дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта? Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев. “, вели Игор Јанушев.

За ВМРО-ДПМНЕ е сомнително тоа што овие фирми имаат елаборати во кои пишува дека ќе извезуваат произведен сув цвет од канабис, што не е предвидено во законот, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција.

Од опозициската партија не открија за кои фирми станува збор. Детали за ова најавија за следните денови.

Димовски: АНБ ги достави до ЈО сите побарани информации за доверливите докумнети пронајдени кај Ременски

За тоа до каде е истрагата за овој случај, тој упати за повеќе информации кај ЈО.

Агенцијата за национална безбедност ги доставила до Јавното обвинителство сите информации кои се побарани од нив во врска со случајот со пронајдените доверливи документи кај пратеничката Фросина Ременски, потврди директорот на Агенцијата, Виктор Димовски. 

-Во врска со тоа прашање во комуникација сме со надлежните институции во нашата земја. Се она што е побарано, соодветно согласно расположливата документација информирани се надлежните институции , рече Димовски на новинарско прашање во врска со случајот за случајот со Меѓународниот сојуз, познат како „Рекет 2" .

За тоа до каде е истрагата за овој случај, тој упати за повеќе информации кај ЈО.

Во рамки на истрагата „Рекет" кај пратеничката Фросина Ременски беа пронајдени доверливи документи за кои таа тврдеше дека станува збор за документи кои кријат кривични дела и криминал, за наводна нелегална употреба на македонски агенти на УБК надвор од државата.

Запрашан за надводни злоупотреби во рабоптата на АНБ, Димовски рече дека Агенцијата за национална безбедност функционира четири месеци од 1 септември минатата година и оти во изминатиот период направиле значајни чекори според нивната оценка и оценката од нивните партнери со кои комуницираат, укажувајќи на успешно завршениот процес на селекција на кадрите од поранешната УБК.

-Сега се обидуваме да го возобновиме персоналот со свежа крв од македонските универзитети. Ја финализиравме изработката на внатрешната легална рамка на функционирање на институцијата и сега сме во фаза на оформување на легалната рамка за соработка со останатите државни институции во земјата. Периодот е прекраток, но сакам да ве уверам дека задачата што ја имаме да го реформираме безбедносниот сектор, да ги избегнеме замките и злоупотребите кои што биле правени во минатото и поради кои се пријде кон реформа на безбедносниот сектор, дека Агенцијата нема да падне во таа замка. Ние ќе продолжиме да работиме согласно законот, ќе продолжиме да се координираме и со регионалните и со меѓународните безбедносни инстритуции од стартешките интегртивни процеси кон кои се стремиме и убеден сум дека сме на вистинскиот пат. Времето ќе покаже дали ова што го зборуваме е вистина, рече Димковски кој со Никола Јанкуловски ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка./МИА

И ловци се вклучуваат во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Од утре и ловци ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловците ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловци да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи./МИА

притисни ентер