Џенифер Лопез сака повторно да се оствари во улогата на мајка!!?

Најсексапилната светска поп дива, жешката Латиноамериканка Џенифер Лопез по прв пат јавно призна дека сака уште еднаш да се оствари во улогата на мајка.

Популарната џеј Ло од неодамна е свршена со  големиот заводник Алекс Родригез и сега светската јавност со нетрпение ја очекува нивната венчавка.

Иако неодамна го прослави својот 50-ти роденден атрактивната Лопез во интервју за „Пипл“ уште еднаш зборувала за улогата на мајка.

„Го сакам тоа. Не знам дали Бог го има тоа во план, но би сакала да се обидам. Отворена сум кон тоа“, изјавила Џенифер Лопез која воедно и додала дека верува оти и нејзините деца би сакале да добијат уште еден брат или сестра.

Лопез инаку наскоро би требало  да го официјализира својот четврти брак

Форд Мондео не е „мртов“, нова генерација доаѓа во 2021

Иако се шпекулираше дека Форд целосно би можел да го укине овој модел, сепак изгледа дека се подготвува нов Мондео.

Со само 30.782 продадени примероци во првите девет месеци од 2019, Форд Мондео не може да се пофали дека се носи добро со конкуренцијата во „Д“ автомобилскиот сегмент во Европа.

За споредба, лидерот во оваа класа Фоксваген Пасат, во истиот период е испорачан во 90.621 примерок во Европа а второпласирана е Шкода Суперб со 51.734 примероци.

Така Мондео заврши на петто место во класата, малку пред Пежо 508.

Сепак, според пишувањата на магазинот „Аутокар“, тоа би можело да се промени со новата генерација на Мондео, за оја овој извор тврди дека ќе пристигне во втората половина на 2021.

„Аутокар“ се повикува на интерен документ од европската филијала на Форд кој се појавил на интернет, а во кој се споменува фабричката ознака „ Mondeo CD542“ меѓу моделите за 2022 година. Инаку ознаката „CD542“, претходно е користена за наследникот на Форд Фјужен (американската верзија од актуелниот Мондео), од кој Форд во меѓувреме се откажа.

Се верува дека наследниот на сегашниот европски Мондео ќе користи „C2“ модуларна механичка платформа, на која е заснован новиот Фокус.

Видео: Со 185 км на час излета од патот и остана жив!!!

Естонецот, От Танак светски шампион во рели, доживеа страшна несреќа на четвртата етапа од премиерниот рели викенд сезонава кој се вози во Монте Карло.

Танак при брзина од 185 километри на час излета од патеката и заврши во шумата крај патот.

За среќа и покрај огромната брзина и излетувањето од патот Танак и неговиот совозач Мартин Јарвеоја  поминаа без посериозни повреди.

Фото: Ова селфи од жена за време на породување стана вистински хит на социјалните мрежи

Селфито од породувалиштето е хит на интернет заради партнерот на женат кој наводна паднал во несвест за време на нејзиниот царски рез.

-Беше тамо да ја подржи жена му на нејзиното прво породување- пишува во описот на фотографијата за која не е јасно кога настанала но стана вистински хит кога се појави на Инстаграм страницата „Worthfeed“.

Фотографијата доби стотици лајкови а на многумина најкомична им беше насмевката на жената која се пораѓа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

He was here to encourage his wife at her First Childbirth 😂

A post shared by Worth Feed (@worthfeed) on

притисни ентер