Дачија подготвува ново Сандеро за 2020

Третата генерација од Сандеро би требало да биде претставена на авто- салонот во Париз во октомври 2020.

Компанијата Рено го презеде раководењето со романскиот бренд Дачија пред две децении, а времето покажа дека оваа одлука била полн погодок.

Французите ги унапредија возилата кои ги произведуваше Дачија и преку тој бренд пласираа на европскиот пазар автомобили со пристапни цени.

Меѓу најпродаваните модели е Сандеро, чија втора генерација е при крај со производниот век. Првото Сандеро дебитираше во 2007 година а неговиот наследник пристигна пет години подоцна, со помали корекции во дизајнот се продава веќе седум години. Третата генерација доаѓа во 2020 година е ќе претставува понатамошен напредок во конструкцијата и дизајнот на ова возило.

Се очекува дека следниот Сандеро ќе биде базиран на „CMF-B“ механичката платформа од Рено, која ја користи и новото Клио. На интернет веќе се појавија неофицијални фотографии од новиот дизајн на Дачија Сандеро.

Дневен хороскоп за 25. април 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 25. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот.

Кариера

Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација.

Здравје

Опуштете се во разговор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните.

Кариера

Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство.

Здравје

Треба да се биде реален.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место.

Кариера

Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот.

Здравје

Замор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни.

Кариера

Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете.

Здравје

Ќе бидете креативни во изразувањето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи.

Здравје

Немојте да се срамите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот.

Кариера

На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте.

Здравје

Чувствителност на дигестивниот систем.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше.

Кариера

Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие.

Здравје

Ќе сонувате интересни соништа.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро.

Кариера

Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка.

Здравје

Ви се зголемува апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот.

Кариера

Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни.

Здравје

Не претерувајте со благото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот.

Кариера

Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања.

Здравје

Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува.

Кариера

Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите.

Здравје

Најдете соодвета техника за релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови .

Кариера

Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост.

Здравје

Бидете среќни.

Што се случува во телото ако пиете млеко секој ден

Веројатно не сте свесни што му правите на вашиот организам! 

Здравствените придобивки се бројни.

Млекото е богато со хранливи материи и може да биде дел од здравата исхрана. Се препорачува секојдневно консумирање млеко, освен ако имате интолеранција на лактоза, алергија или се храните вегански. „USDA MiPlate“ препорачува возрасните да консумираат три порции млечни производи дневно, а децата две до две и пол порции дневно. Нутритивниот профил на чаша млеко со намалена содржина на масти или 2%, според „USDA“ содржи 122 калории, 8,2 g протеини, 4,7 g вкупни масти, 12 g јаглехидрати и повеќе од 300 mg калциум.

Како да изберете најздраво млеко

Изборот на млекото зависи од индивидуалните нутритивни потреби и вкусот. Кога купувате, треба да ја прочитате етикетата со нутритивни вредности и посебно да ја проверите количината на масти, протеини и шеќер за да изберете производ во согласност со вашите здравствени потреби.

Здравствени придобивки од млекото

Млекото има бројни здравствени придобивки, тоа е добро за здравјето на коските, за контрола на тежината, како поткрепа на здравјето на срцето, за намалување на ризикот од деменција, подобрување на имунитетот и подобрување на расположението. Сепак, постојат и неколку контроверзни аспекти поврзани со потрошувачката на млеко.

Билното млеко како алтернатива

Многу луѓе консумираат млеко од растително потекло од различни причини, веганска исхрана, загриженост за животната средина и здравствени причини. Изборот на млеко од растително потекло, на пример, бадемово, кокосово, соино или овесно, зависи од индивидувалните потреби и преференции, но се препорачува тоа да не е засладено.

притисни ентер