Две престижни признанија за „Медена земја" на Интернационалните документарни награди ИДА во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја" освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди ИДА, што се одржаа вчеравечер (7 декември) во студијата на „Парамаунт" во Лос Анџелес.

На најпрестижниот светски настан посветен на документарниот филм, кој е во организација на ИДА (Интернационалната документарна асоцијација) режисерот Љубо Стефанов и снимателот Фејми Даут ги примија: признанието „Pare Lorentz" („Паре Лоренц") и наградата за најдобра кинематографија.

Наградата „Паре Лоренц" на ИДА се доделува „за пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми". Македонскиот документарец беше номиниран во уште две категории: за најдобар филм и за режија.

Вчеравечер во Берлин, Германија, пак, се одржа и свеченото доделување на „Европските филмски награди", кои ги доделува Европската филмска академија. „Медена земја" беше номиниран во категоријата за најдобар европски документарец за 2019 година.

Во меѓувреме нашиот документарец доби уште неколку номинации и признанија на престижни интернационални филмски фестивали. „Медена земја" е македонски кандидат за „Оскар" за најдобар интернационален филм. Номинациите за „Оскар" ќе бидат соопштени на 13 јануари 2020 година.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер