Заев: Со своето дело Св. Климент Охридски не задолжи сите, како што успеал тој да се обидеме да успееме и ние

Со Свети Климент Охридски се поврзани почетоците на  македонската писменост и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта. 

Тој со неговото големо духовно – просветителско дело со кое нѐ задолжи сите, ни покажа како „на дело" се станува и духовник и просветител. Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме да се обидеме и да успееме и ние. Да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава, порача денеска премиерот Зоран Заев обраќајки на духовната академија во чест на празникот Свети Климент Охридски, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

-Денес, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа. Тоа е остварено постојано имајќи го предвид и големото дело на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, и за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, рече Заев.

По влезот во Европската Унија, додаде премиерот, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Унијата. Како 25-ти работен јазик на кој ќе се зборува во Брисел, тој ќе биде „рамо до рамо" со јазиците кои се говорат во нашето соседство, бугарскиот, хрватскиот и грчкиот. Тоа го гарантира Повелбата на ЕУ и Договорот за ЕУ.

-Конечното признание за посебноста на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо, во Унијата, која беспрекорно ја почитува јазичната разноликост, е последниот и најцврст бедем за заштита на македонскиот идентитет. Освен тоа, тој ќе стане составен дел и од европскиот идентитет, во заедницата од 500 милиони луѓе, основана под мотото „Обединети во разновидноста". Почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на ЕУ. Повелбата за основните права на ЕУ забранува дискриминација врз основа на јазикот и ја обврзува Унијата да ја почитува јазичната разновидност, истакна премиерот во обраќањето.

Оддавајќи му почит на Свети Климент Охридски и за се она што го направил и оставил зад себе тој потенцира дека секој може да биде своевиден Свети Климент Охридски почитувани граѓани и почитувани присутни.

-Духовноста, просветлението, просветителството се дадени на секој од нас, а со нивното практикување стануваме подобри луѓе, во подобар свет, солидарен свет, образуван свет. Така градиме сегашност и иднина за секој човек, за секој граѓанин, за секој од нас. Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме да се обидеме и да успееме и ние. Да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава, истакна премиерот.

Во таа насока, тој е убеден и дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе се ангажира уште поактивно во надминување на предизвиците исправени пред неа и дека наскоро ќе биде прифатена како реалност во православниот свет.

Свети Климент Охридски, рече во обраќањето Заев, е основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тој, како еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народите со словенски происход и нивен ученик и следбеник, ги прифатил сите страдања на кои бил подложен зашто верувал во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал кон мисијата да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.

Свети Климент Охридски, потенцира Заев, применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои ја наоѓале во Црквата, и дека таа духовна поткрепа треба да ја добиваат со црковна служба на својот мајчин јазик. Христовата црква, со востоличувањето на катедрата на Охридската Архиепископија, не беше нова црква. Таа е светла точка од историјата на континуитет на христијанството на овие простори со корени уште од апостолско време.

-Христијанството на просторите на географска Македонија, прв го донесе, го прошири и го проповедаше Светиот апостол Павле, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања бил придружуван и од други апостоли, кои подоцна и самите, независно од Светиот апостол Павле, ќе проповедаат и ќе ја шират црквата Божја на овие простори. Низ историјата на христијанството се запишани бројни сведоштва за долгиот развој на црковното организирање, со богат духовен живот на бројните митрополии и епископии. За тој период, низ целата територија на денешна Република Северна Македонија, говорат голем број ранохристијански базилики и црковни храмови, истакна во обраќањето премиерот.

Како што истакна, директен резултат на просветителската дејност меѓу словенските народи на Светите браќа Кирил и Методиј, а подоцна и на светите отци охридски Климент и Наум, е никулецот од кој потоа израснуваат и првите словенски епископи на Светата Охридска Архиепископија. Свети Климент, како голем човек и силна личност, е жив паметник на нашата историја и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет". /МИА

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

Прва објава на Кејт Мидлтон, откако откри дека има рак- има посебен повод (ФОТО)

Инстаграм профилот на Кенсингтонската палата објави фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот 6-ти роденден.

Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата е насмеаниот принц Луис, кој денес полни 6 години.

„Среќен 6-ти роденден, принц Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува на фотографијата.

Ова е прво јавно појавување на војвотката од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот откако објави дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според Sky news, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека е немонтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа се уште не се случило.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

притисни ентер