САД и Иран разменија затвореници

САД и Иран разменија затвореници, Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец, во редок чин на соработка меѓу двата долгогодишни непријатели чии односи се влошија откако Трамп е претседател.

Швајцарија посредувала во размената, а иранската државна новинска агенција „ИРНА“ јавува дека министерот на надворешни работи Мухамед Џавад Зариф го поздравил ослободениот Иранец во Цирих. Во соопштението кое го објавила Белата куќа Трамп не го споменал ослободувањето на Иранецот, но се заблагодарил на швајцарската влада за помошта во случајот за ослободувањето на американскиот државјанин.

-Ослободувањето на Американци кои се држат во заложништво е од витално значење за мојата администрација и ние ќе продолжиме напорно да работиме на враќањето во своите домови на сите наши граѓани неправедно затворени надвор од земјата, рекол Трамп.

Маж е убиен пред училиште во Белград – затворени излезите од градот

Вечерва околу 19 часот, во Белград со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и двете деца.

Според Телеграф.рс, непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и двете деца биле со него во моментот на егзекуцијата.

„Истрагата е во тек на местото на настанот, а полицијата интензивно го бара сторителот на ова дело. За да се изврши пребарување, сите излези од Белград се блокирани и извршена е зголемена контрола врз лицата и возилата“, соопшти белградската полиција.

М. В. е Црногорец роден во Котор. Со години работел како морнар на прекуокеански бродови, пренесува Телеграф.

Зеленски ја одби оставката на украинскиот премиер

Претседателот на Украина , Володимир Зеленски утрово ја отфрли оставката од неговиот премиер Олексиј Гончарук и рече дека сака да му даде втора шанса на функцијата.

„Решив да ви дадам втора шанса на вас и на вашата влада“, рече Зеленски на состанокот со премиерот Гончарук, покажува видео објавено од претседателството.

Гончарук поднесе оставка откако беше заслужен за критиките на сметка на претседателот Зеленски во првата политичка криза на младиот претседател.

Според социјалните мрежи , Гончарук го опишал знаењето на претседателот за економијата како примитивно. Зеленски беше актер до изборот на претседател во април.

Претседателот не ги спомена тие изјави, но го замоли премиерот да ја подобри соработката со парламентот и да ги рационализира платите на високите владини функционери.

Плаќањето високи бонуси на службените лица последниве месеци предизвика скандал во земјата.

„Таквите плати не можат да бидат платени во Украина со актуелната состојба на нашата економија“, рече Зеленски.

Украина е една од најсиромашните земји во Европа.

Јапонскиот суд забрани работа на нуклеарна електрана

Јапонскиот Висок суд денеска му нареди на операторот на нуклеарната централа на островот Шикоку да го затвори реакторот заради загриженост за безбедноста во сеизмички активната област.

Високиот суд во Хирошима и  забрани на компанијата за електрична енергија „Шикоку“ да го користи реакторот на југозападниот остров Иката. Ова е втора наредба против употребата на реакторот бр. 3 во таа електрана.

Со тоа високиот суд ја поништи пресудата на понискиот суд.

Претседателот на судот Казутаке Мори во пресудата рече дека не може да ја исклучи можноста за активен дефект во близина на нуклеарната централа. Компанијата за електрична енергија „Шикоку“ не ја испитала доволно можноста за ризик  во радиус од два километри од електроцентралата, додаде Мори.

Судијата, исто така, посочи на грешка на Агенцијата за нуклеарна енергија (MRA) во процесот на издавање дозвола за продолжување со работа на електраната.

Електраната беше исклучена од дистрибутивната мрежа поради инспекција и требаше да биде вклучена во април. Компанијата одлучи да ги затвори останатите два реактори во електраната.

Тројца жители на соседната префектура Јамагучи поднесоа жалба во март минатата година на одлука на локалниот суд кој го одобри продолжувањето на работењето на третиот реактор.

Денешната пресуда на високиот суд е тежок удар за Владата на премиерот Шинзо Абе, која сакаше да ги реактивира реакторите. Исто така, ја поништи одлуката на NRA да продолжи со работа спорниот реактор.

НРА е основана по најсериозниот нуклеарен инцидент во историјата на Јапонија, тројното топење на електраната „Фукушима Даичи“ во 2011 година, откако ја погоди цунами.

Компанијата „Шикоку“ најави жалба против одлуката на високиот суд.

Од 33 нуклеарни реактори во Јапонија, во моментов работат само шест.

притисни ентер