Нови аудио снимки за случајот рекет на Јутјуб, гласот наликува на Орце Камчев

Седум кратки снимки се појавија на Јутјуб во кои се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“.

На снимките се слуша како тој бара контакт со Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и вели дека ако не се заврши работата, „ќе крварат сите“.

„Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив. И на ферка, така се претплатив, само чисто да биде“,– се слуша на снимките..

„Никој не знаеме кој што има од тоа време, реално не знаеме. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо“, вели гласот кој наликува на бизнисменот оштетен во „Рекет“.

Во дел од снимките се слуша како и преку посредник биле испраќани пораки до премиерот во кои се бара примирје. Во другите снимки се слушаат закани дека „ако не се спушти топката“ ќе „бомбардирал“ од Бугарија, по што ќе дошол Мицкоски и потоа ќе имало „крв до колена“.

„Јас ќе отидам во Бугарија и што тогаш, ќе пуштам како Ким Јонг, па тепајте се во Македонија и ќе отиде се во пи*** материну. И ќе дојде Мицкоски, и што правиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека во 30 години најпаметните беа Љубчо и Бранко, седнаа се договорија“, вели човекот.

„ Не, ама смешно не е, трагично е. Лошо е да „умреш со ваква смрт“, како Заев. Бар заврши работа, промени име, не стави во НАТО, бар нешто големо направи човекот, ја на интервју го „утепав“ од фалење, и он мене во затвор!?“, се слуша во снимките.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“ изјави дека аудио снимките не се дел од доказите не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.

„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.

Над 3 500 мигранти маршираат кон јужната граница на САД (ВИДЕО)

Повеќе од 3.500 мигранти од Централна Америка кои сакаат да живеат во САД  денеска дојдоа во Гватемала на пат кон јужната американска граница, пренесува Ројтерс.

Мигрантите се движат во таканаречени каравани, големи групи. Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати ги предупреди Мексико и Гватемала да ги спречат мигрантите да стигнат до границата меѓу САД и Мексико.

Мигрантите кои патуваат во мали групи во таканаречени каравани со повеќе од 100 луѓе тврдат дека се среќаваат во Текун Уман, во Гватемала пред да се префрлат во Мексико.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата влада ја следи ситуацијата. Лопез Обрадор не кажа дали Мексико ќе се обиде да ги задржи луѓето јужно од земјата.

Повеќето граѓани на Централна Америка ги напуштаат своите домови поради насилство и сиромаштија и сакаат по секоја цена да стигнат до САД. Под американски притисок, безбедносните сили на Мексико се обидуваат да ги разбијат поголемите групи што се движат кон север и сакаат да ја преминат границата.

Околу 1.000 мигранти пристигнаа во Гватемала овој вторник, при што локалните власти вратија дел од нив на границата со Хондурас за да ја пополнат потребната документација.

„Ние не ги вративме луѓето од Гватемала и сега има околу 3500  од нив кои ја преминаа нашата граница“, изјави Алехандра Мена, портпарол на Институтот за миграција во Гватемала. Најмалку 600 мигранти од Хондурас ја поминаа минатата ноќ во градот Гватемала спиејќи во шатори.

Поранешниот претседател на Гватемала, Џими Моралес се согласи минатиот јули со САД да воведат мерки насочени кон запирање на пристигнувањето на барателите на азил од Хондурас и Ел Салвадор во земјата. Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматети рече дека неговиот приоритет е да го преиспита текстот на договорот за мигранти со САД.

Бразилскиот министер за култура во својот говор го цитирал нацистичкиот шеф на пропагандата на Хитлер

Бразилскиот министер за култура е сменет откако цитирал делови од говорот на нацистичкиот шеф на пропагандата Јозеф Гебелс, објави Би-Би-Си.

Министерот за култура Роберто Алвим зборувашл за наградите за култура како за „херојска“ и „национална“ уметност во видеото што го објавил на Твитер.

Во позадина се слушала операта Лохрин од  Ричард Вагнер, омилениот композитор на Хитлер.

Претходно, Алвим рече дека видеото е веќе избришано, и дека  во него имало „реторичка случајност“.

Десничарскиот претседател Жаир Болсонаро го опиша неговиот говор како „несреќен“.

„Повторно потврдувам дека ние ги отфрламе тоталитарните и геноцидните идеологии, како што се нацизмот и комунизмот, и каква било припадност кон нив. Ја изразуваме нашата целосна и неограничена поддршка за еврејската заедница со која сме пријатели и споделуваме многу заеднички вредности“, објави претседателот на Твитер.

„Бразилската уметност ќе биде херојска и национална во наредната деценија, поддржана од силната емотивна приврзаност и длабока поврзана со запалените аспирации на нашиот народ, или нема да вреди ништо“, рекол Алвим во шестминутното видео во кое зборувал за Националните награди за уметност.

Делови од говорот биле идентични со говорот цитиран во книгата „Jозеф Гебелс: биографија“ на германскиот историчар Питер Лонгич, кој напишал неколку трудови за холокаустот.

Гебелс го предводеше Министерството за национално образование и пропаганда, создадено за да го прослави Адолф Хитлер.

Неговите методи вклучуваат цензура во медиумите и контрола на радиостаниците и полињата на култура и уметност.

Маж е убиен пред училиште во Белград – затворени излезите од градот

Вечерва околу 19 часот, во Белград со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и двете деца.

Според Телеграф.рс, непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и двете деца биле со него во моментот на егзекуцијата.

„Истрагата е во тек на местото на настанот, а полицијата интензивно го бара сторителот на ова дело. За да се изврши пребарување, сите излези од Белград се блокирани и извршена е зголемена контрола врз лицата и возилата“, соопшти белградската полиција.

М. В. е Црногорец роден во Котор. Со години работел како морнар на прекуокеански бродови, пренесува Телеграф.

притисни ентер