Македонски автобус се преврте во Србија на пат кон Копаоник, повредени се 26 лица

Утрово околу 10 часот излетал од патот и се превртел македонски автобус во соседна Србија на патниот правец Прокупље - Блаце кај месноста Белољин.

Во несреќата се повредени 26 лица претежно од Радовиш кои биле тргнати на еднодневна екскурзија за Копаоник.

„По добиените информации од дежурните лекари во болницата во Прокупље, кај нив во моментов се згрижени 16 пациенти додека едната потешко повредена пациентка е префрлена во болницата во Ниш. Се уште се вршат испитувања над пациентите во Прокупље, но сите со надвор од животна опасност. Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување“, стои во соопштените на министерството за надворешни работи.

Засега не е позната причината зошто автобусот излетал од патот во ендекот. Една од можните причини според српските медиуми кои ја пренесоа веста е тоа што оваа делница од Прокупље до Блаце на која порано многу имало сообраќајни незгоди последниов месец се реконструира и има градежни зафати па е под времен режим на сообраќај. Патот на местото каде што излетал македонскиот автобус е само тампониран и тешко се разграничува до каде може да се вози а каде почнува ендекот односно ископаниот канал покрај патот кој служи за да ја собира водата во кој пропаднал автобусот. Екипите на српската брза помош веднаш пристигнале на местото на несреќата по што повредените се транспортирани во болници. На лице место излегол и надлежен јавен обвинител но се уште не е соопштена причината за излетувањето на автобусот.

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

Де Соуза: Португалија одговорна за злосторствата за време на трансатлантското ропство

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза рече дека Португалија е одговорна за злосторствата извршени за време на трансатлантското ропство и колонијалната ера и посочи дека има потреба од репарации.

Говорејќи на настанот на кој доцна синоќа беа поканети странски дописници, Ребело де Соуза рече дека Португалија „ја презема целосната одговорност“ за неправдите од минатото и дека тие злосторства, вклучително и колонијалните масакри, имаат „цена“.

Тој посочи дека Португалија мора да ја плати цената.

„Дали има злосторства што не се казнети, а одговорните не се уапсени? Дали има стока што е ограбена и не е вратена? Да видиме како можеме да го поправиме тоа“, рече Ребело де Соза.

Во текот на повеќе од четири века, најмалку 12,5 милиони Африканци беа киднапирани, насилно транспортирани на долги растојанија главно со европски бродови и продадени во ропство.

Оние кои го преживеале патувањето завршиле со работа на плантажи претежно во Бразил и Карибите, додека други профитирале од нивниот труд.

Португалија продаде речиси шест милиони Африканци, повеќе од која било друга европска нација, но досега не успеа да се соочи со своето минато, а во училиштата малку се учи за нејзината улога во трансатлантското ропство. /МИА

Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај

Подводниот визуелен спектакл „Мермејд опен“ (Mermaid Open), познат и како Меѓународен натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд. На него учествуваа стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Беа прикажани уметнички нуркачки вештини во неколку дисциплини, а натпреварувачките и натпреварувачите се оценувани во неколку категории.

Натпреварот се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и околу 50.000 риби во него, a двајца од јужна Кина се прогласени за шампиони - во женска и машка конкуренција, пишува „Шангај дејли“. Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина последниве години, а за да го поттикне овој спорт, Океанскиот парк „Хајчанг“ во Шангај планира да организира серија настани и за претстојните празници во мај.

притисни ентер