Мизерни услови за возење во близина на Фени

Со ваква негрижа се доведуваат во директна опасност учесниците во сообраќајот.

Граѓаните реагираат на загадувањето од камионите на „Еуроникел“ на патниот правец Кавадарци- Возарци.

Според нив тоа се случувало подолг период а како причина се наведува дека камионите кои растовараат руда не се перат откако ќе излезат од комбинатот, со тоа останатата земја директно завршува на патот и со тоа учесниците во сообраќајот се доведуваат во опасност.

Калта од овој регионален пат стига и до градските улици.

Орце Ѓорѓиевски: Криминалот е заштитен знак на СДСМ

Криминалот е заштитен знак на СДСМ, а криминалците си помагаат едни на други.

Лица поврзани со СДСМ осомничени за тежок криминал, наместо да се соочат со правдата, добиваат награди.

Последниот пример е прераспределувањето на поранешниот началник на штипската полиција Љупчо Трајковски на позицијата советник во Бирото ја јавна безбедност. Да потсетиме за Љупчо Трајковски се води судски процес заради помагање при криумчарење на мигранти.

Да биде апсурдот уште поголем новоназначениот советник Трајковски сега е дел од Бирото за јавна безбедност кое меѓу другото има надлежност и врз секторот за гранични работи, миграции и криминалистичка полиција.

Со други зборови ова е како да се постави дилер  во одделот за недозволена трговија со наркотици .

Замислете за советник во БЈБ е поставен човек кој, според обвинението наплаќал по 200 евра од возило со мигранти и ги известувал криумчарите на кои места биле полициските патроли. Класична злоупотреба на службената должност и срам за полицијата.

Ова е кадровската политика на Заев, Спасовски и Славјанка Петровска. Полицијата наместо заштитник на граѓаните, се претвори во соучесник во криминалот.

Какви совети ќе му дава осомничениот на директорот на БЈБ ? Дали со унапредување на Трајковски му се дава нова можност за криминал? Дали тој треба да остварува контакт со подземјето во пресрет на изборите во  корист на СДСМ и Зоран Заев лично?

Бараме Директорот на Бирото за јавна безбедност се откаже од услугите и да го разреши Трајковски од позицијата советник. Истовремено мора да има одговорност и за лицата кои не го санкционирале и дистанцирале од позициите во полицијата за да не влијае на доказите и сведоците во случајот кој што се води против него.

Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕж

Комората на сметководители бара да се забранат фискалните сметки поради присуство на штетни материи

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори бара од надлежните институции итно да расправаат за забраната за употреба на хемиската материја „бисфенол А" или БПА која ја има во хартијата на која се печатат фискалните сметки.

– Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата. Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто, велат од ССК.

Препораката на Комората на сметковидители е во најкраток рок по примерот на ЕУ да се забрани употребата на оваа хемиска материја и да им се даде рок за државните институции, приватниот сектор и трговските објекти да ги заменат артиклите кои содржат штетни материи со нови кои не содржат вакви материи.

– Како пример, во ЕУ дозволен е  таканаречениот преоден рок од шест месеци, производителите и дистрибутерите да се прилагодат или да започнат да  користат термичка хартија на пазарот која не ја содржи оваа хемикалија, вели претседателот на Комората на сметководители Драган Митковски.

Забраната за употреба на оваа материја во Европската унија стапи на сила од 1 јануари и засега таа подразбира само нејзино исклучување од термичката хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти. Во соседна Србија забраната ќе почне да се применува од јули годинава.

Минатата година, Швајцарија стана првата земја во Европа што забрани Бисфенол С (БПС) и Бисфенол А (БПА) да се користат во термичка хартија, откако Федералниот совет гласаше за нивната забрана. Одлуката била одобрена на 7 април, а влегла во сила на 1 јуни 2019.

Дискусиите за БПА започнаа во 2011 година, откако Данската агенција за заштита на животната средина објави дека до 80 проценти од сметките на касата во Coop Danmark биле направени од термичка хартија. Веднаш потоа CoopDanmark ги отфрли 12-те групи на супстанции и хемикалии од сопствени производи до крајот на 2017 година, меѓу кои и Бисфенол А.

Препораките на здравствените организации се веднаш по контакт со фискални сметки да се мијат рацете, да не се ставаат сметките во кесите со храна, да не се дозволува децата да доаѓаат во контакт со фискални сметки, а доколку на работно место редовно сте во контакт со фискални сметки да се носат ракавици. /МИА

За една недела отстранети 213 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (10.01 - 16.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 213 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 177 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  369 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.

притисни ентер