Вонбрачната и несакана ќерка на Борис Бекер , влезе во светската елита (ФОТО)

Вонбрачната ќерка на поранешниот германски тенисер Борис Бекер, Ана Ермакова, повторно го привлече вниманието на јавноста откако позираше со Дамјан Харли, синот на холивудската актерка  Лиз Харли.

Ана одлучи, како и нејзината мајка , руската манекенка  Ангела, да стане модел, а сега се дружи со светската елита.

Бекер ја доби Ана за време на една ноќна авантура што ја имал со руската манекенка Ангела Ермакова во 1999 година.

Поранешниот тенисер ја изневерил својата прва сопруга, дизајнерката Барбара Фелтус. Тој вечерта го одигра својот последен професионален тениски натпревар и излего да прослави со пријателите.

Медиумите пишуваат дека тој и Ангела имале секс во тоалетот, па поранешниот тенисер јавно ги расветли работите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Bring out the devil in me 😈

A post shared by Anna Ermakova (@annaermakova1) on

"Не знам дали тоалетот беше подобро место, но имавме секс на скалите. Медиумите пишуваа дека сме имале секс на даската на тоалетот , но тоа не беше вистинската  приказна", изјави еднаш тенисерот и додаде дека станувао збор за "секс од пет минути “.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

👀

A post shared by Anna Ermakova (@annaermakova1) on

"Се срамев и бев многу тажен кога се случи, затоа што тоа го уништи моето семејство. Мајката на Ана и јас моравме да најдеме начин да бидеме родители без никаква врска меѓу нас ", напиша тој во својата автобиографија во 2015 година, додавајќи дека успеале во тоа затоа што нивната врска сега е „пријатна, мирна и пријателска “.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anna Ermakova (@annaermakova1) on

Иако првично не сакал да ја признае Ана, тоа го сторил откако со ДНК-анализа се докажало дека е нејзин татко . Од 2007 година, тој и Ангела го делат старателството над нивната ќерка.

Научниците потврдија : Удар на астероид е причина за изумирање на диносаурусите (ФОТО)

Причината за исчезнувањето на диносаурусите од лицето на Земјата пред 66 милиони години веќе долго време е нејасна, но група научници сега веруваат дека имаат конечен одговор на ова прашање.

Најпрво се дискутираше за идејата дека истребувањето на диносаурусите е причинето од огромна вулканска активност во праисторијата. Проф. Пол Вилсон за Би-Би-Си изјави дека виновникот е астероид. Тим на проф. Вилсон анализирал седименти на океаните кои покажале дека големите вулкани што избувнале во Индија не ги смениле климатските услови на Земјата до тој степен што ќе предизвикаат истребување на диносаурусите.

Вулканите можат да ослободат огромни количини на гасови во атмосферата што можат да ја разладат и затоплат планетата во исто време.

Студирајќи ја вулканската област во Индија каде стотици илјади кубни километри стопена карпа биле опфатени со површината на земјата во текот на илјадници години, истражувачите откриле дека постои несовпаѓање помеѓу ефектот и времето на вулканската активност.

Проф. Вилсон од универзитетот Саутемптон и неговите колеги од други научни институти од Европа и САД го дупчат океанското дно во Северен Атлантик со цел да стигнат до античкиот кал во кој се сместени микроскопски ситни морски организми наречени Фраминифера. Научниците ги користеле лушпите на овие организми за да дознаат информации за температурните промени што се случиле пред истребување на диносаурусите.

,,Откривме дека влијанието на астероидот се случува во исто време со истребувањето”, изјави проф. Вилсон за БиБиСи.

Виновник за катастрофата бил астероид широк 12 километри, кој што ја погодил Земјата пред 66 милиони години и оставил белег на дното на Мексиканскиот Залив - кратер од 200 километри. Кога ја погодил Земјата, астероидот веднаш предизвикал цунами и огромни пожари, а милијарди тони негови остатоци летале во сите правци.

Научниците неодамна утврдија дека овој астероид удрил во карпа богата со сулфур. Кога испарувал сулфурот и преминал во повисоки слоеви на атмосферата, тоа можело да доведе до брзо и длабоко ладење на климата за краток период, што довело до изумирање на многу растителни и животински видови.

Стресната промена во условите на животната средина, едноставно, не можешеле да ја издржат диносаурусите, за разлика од цицачите кои се искачиле над остатокот организми од синџирот на исхрана.

Индиските слаткари направија најдолга торта на светот (ВИДЕО)

Над 1 500 индиски слаткари го урнаа Гинисовиот рекорд и направија торта долга 6,5 километри.

Стотици индиски слаткари во државата Керала направија најдолга торта на светот, долга 6,5 километри, уривајќи го претходниот рекорд поставен од кинеските слаткари.

Огромната торта од ванила, тешка 27 тони, беше прикажана на неколку илјади маси во градот Трисур.

Шпанија воведе мерки против пијаните туристи – Нема веќе „среќни часови“

Шпанските Балеарски острови забранија попусти на алкохолни пијалоци познати како „среќни часови“ и понуди кои вклучуваат неограничено количество на алкохолни пијалоци.

Забраните се воведуваат на некои од најпопуларните туристички дестинации со цел да се стави крај на таканаречениот „пијан туризам“, пренесува Еуроњус.

Властите на островите, вклучително и Минорка и Мајорка, објавија денеска дека наметнуваат петгодишна забрана во градовите Аренал, Сант Антони де Портмани и Магалуф.

Покрај тоа што решија да ги забранат пијалоците со пониски цени, надлежните на Балеарите забранија и таканаречени пијани бродски забави, туристички тури што ги носат посетителите од бар до бар. Забрането е и скокање од балкони во хотелите.

Покрај тоа, на продавниците нема да им биде дозволено да продаваат алкохол по 21:30 часот. Баровите што нема да ги почитуваат овие забрани, ќе добијат казни до 60.000 евра и ќе бидат затворени до три години.

Балеарските острови се една од најпопуларните туристички дестинации во Шпанија. Во 2018 година ги посетиле 13,8 милиони туристи.

притисни ентер