Научниците докажале : Растенијата испуштаат звуци кога се под стрес

Иако научниците открија последниве години дека растенијата можат на некој начин да гледат, слушаат и мирисаат, сепак се сметаше дека се тивки и не можат да емитуваат звуци.

Но, сега за првпат се снимени како произведуваат одреден вид на звук кога се во стресна ситуација, објави New Scientist..

Биологот Ицак Каит и неговите колеги од универзитетот Тел Авив во Израел откриле дека доматите и тутунот, кога се под стрес поради недостаток на вода или кога им се сечат стеблата, испуштаат звуци на фреквенции што луѓето не можат да ги слушнат.

Користејќи микрофони лоцирани 10 см од растенијата, тие снимиле ултразвуци кои се движат од 20 до 100 килохерци, за кои тимот сметал дека може да ги слушнат некои видови на инсекти и цицачи.

Научниците веруваат дека молец може да го препознае овој звук дека на растението му недостига вода и се откажува од лежење јајца врз него. Додаваат дека другите растенија може да го слушнат овој звук и соодветно да одговорат.

„Овие податоци можат да го променат начинот на кој размислуваме за растенијата“, велат научниците.

Дури и порано, вибрирањата се регистрирале од растенијата со користење уреди што го регистрирале создавањето и пукањето на воздушни меури, процес познат како кавитација, но ова ново истражување за прв пат ги снимило звуците кои доаѓаат од растенија на одредено растојание.

Растенијата од домати под стрес поради недостаток на вода во просек испуштаат по 35 звуци на час, а растенија за тутун 11. Кога се бере, доматите произведувале во просек 25 звуци во еден час, а тутунските растенија 15.

Обемот, т.е. интензитетот на звукот, одговарал на видот на стресот, а тутунот кој немал вода правеше погласни звуци од оној додека се берел.

Кога не биле во стресна состојба, растенијата произведувале во просек помалку од еден звук на час.

Експертите веруваат дека ова истражување би можело да им помогне на земјоделците, бидејќи може да утврдат дали растенијата се под стрес или се жедни.

„Овој предлог да се слушаат растенија за време на сушите се чини изводлив и може да се користи во земјоделството доколку поставувањето на потребната опрема не е скапо“, рече Ен Вичер од Кралската ботаничка градина на Велика Британија.

„Ако растенијата произведуваат звуци кога се под стрес, најверојатно причината е кавитација“, изјави биологот Едвард Фармер од универзитетот Лозана во Швајцарија, но додаде дека тој е малку скептичен за овие откритија и би сакал да види подетални истражувања што би елиминирале некои посуптилни звуци, како оној што го создава почвата додека се суши.

„Мислам дека идејата дека молци ги слушаат растенијата и затоа ги избегнат е премногу шпекулативна. Веќе имаме многу други објаснувања зошто инсектите избегнуваат одредени растенија “, изјави Фармер.

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

притисни ентер