Иако вакцината постои 50 години, малите сипаници лани однесоа 140 000 животи

По децении значаен напредок, борбата против сипаниците стагнира и бројот на починати се зголеми во 2018 година, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) и американските здравствени власти.

Вирусот на морбили е еден од најзаразните вируси, кој може да се задржи во просторија два часа по минувањето на заразено лице и предизвика епидемија на пет континенти во 2018 година, експлодирајќи во градовите и населбите каде премалку луѓе се вакцинирани.

Јужниот пацифички остров Самоа сега се бори со епидемија во која загинаа 62 лица од октомври, а скоро сите се деца под 4-годишна возраст. Властите го блокираа пристапот до архипелагот и во четвртокот започнаа кампања за вакцинирање од врата до врата.

Во пет земји во 2018 година беа сконцентрирани скоро половина од заболените: Демократска Република Конго, Либерија, Мадагаскар, Сомалија и Украина, според извештајот на Центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Но, вирусот патува брзо.

Од Филипините и Украина, околу стотина луѓе ја донеле инфекцијата во Израел, од каде заразените им ја пренеле болеста на Евреите од Њујорк и придонеле за најголемата епидемија во САД од 1992 година.

Во богатите земји, сипаниците не убиваат или тоа е многу ретко, но во Конго двојно е зголемен бројот на починати и морбили однесе 5000 животи оваа година.

Вкупно, 142.000 луѓе починаа од сипаници во светот во 2018 година, четири пати повеќе отколку во 2000 година, односно 15 проценти повеќе отколку во 2017 година.

„Секој знае дека постои безбедна, ефикасна и прифатлива вакцина против сипаници веќе 50 години“, изјави Кејт О’Брајан, директорка за вакцините на СЗО на прес-конференција.

Од 2010 година, процентот на светско население што ја прима првата од двете препорачани дози вакцина стагнира на околу 86 проценти, а за да се спречи епидемија треба да биде 95 проценти.

„Ние не постигнавме напредок во оваа деценија за да спречиме бојкот на вакцинирање од сипаници“, заклучи О’Брајан.

И во Европа, доволно е една заедница да биде недоволно вакцинирана за вирусот, што се случи во холандскиот град Урк, каде што само 60 проценти од населението беше вакцинирано, а во јуни беше погоден од епидемија.

Во Африка, три четвртини од населението е вакцинирано, но тоа подразбира регионални разлики. Во развиените земји, движењето на недоверба во вакцините придонесе за појава на болеста.

Луѓето заборавија дека пред да се појави вакцината во 1960 година, сипаниците убивале и во Њујорк и во Париз. САД скоро го загубија статусот за искоренета болест оваа година , што го освоија во 2000 година кога немаше зараза во одредена географска област 12 последователни месеци.

Но, Велика Британија, Грција, Албанија и Чешката Република го изгубија тој статус во август. Во текот на 2019 година, двојно е зголемен бројот на зарази со сипаници во Европа.

Трагедија во Австралија: Десетици китови се насукаа на брегот, спасувачите немоќни (ВИДЕО)

Околу 140 пилот-китови се насукаа денеска на западниот брег на Австралија во близина на градот Дансборо, додека најмалку 26 веќе угинаа пред властите да успеат да ги спасат.

„Нашиот тим моментално ја проценува состојбата на китовите на плажата, а тимовите на вода се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од плажата“, соопшти австралиската управа за биолошка разновидност, според Асошиејтед прес.

Регионалниот офицер за заштита на дивиот свет, Пиа Куртис, рече дека за жал, исходот за пилот-китовите генерално не е добар на плажата бидејќи многу од животните умираат.

Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да спасуваат животни без инструкции од стручни лица, бидејќи во спротивно може да предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување.

Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.

Јатата на пилот китови, т.н. затоа што се верува дека сите следат еден „пилот“, може да се движат од 10 до над 100 животни и живеат неразделно, што може да е причината за нивната добро позната тенденција да се насукаат на плажа , пишува магазинот BBC wildlife.

Халил ал-Хаја: Хамас е подготвен на примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

- Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја.

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспостаена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“.

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

Тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено и оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.

– Израелските сили не уништија повеќе од 20 отсто од силите на Хамас. Ако не можат да го докрајчат Хамас, кое е решението? Решението е договор, изјави Ал Хаја.

Хамас, како што наведе, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

- Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја. /МИА

Се урна еден од симболите на Париз, никој не знае што се случувало ноќеска (ВИДЕО)

Едрата на познатата црвена ветерница на врвот на „Мулен Руж“, најпознатото париско кабаре, ноќеска паднале на земја, изјави портпаролот на местото на одржување.

„Не знаеме што се случило, тоа се случило помеѓу 02:00 и 03:00 часот. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последното вечерно шоу завршило во 01:15 часот, објави Индипендент.

„Мулен Руж“ на многумина им е познат како место каде се роди модерната форма на кан-кан танцот. Клубот е основан во 1889 година, а публика за неговите танцови изведби се главно туристички групи.

притисни ентер