Најстрашно паркирање на годината – Трагнала во рикверц и останала да виси од шестиот кат (ВИДЕО)

Жената , која тргнала во рикверц и опстанала да виси на 15 метри од катната гаража ,секако е кандидат за најлошо паркирање на светот.

Видеото покажува снимка од паркинг во Министерството за здравство на Тајланд. Паркиралиштето е скоро празно и нема што да сугерира дека може да се случи нешто опасно, а камоли дека може да тргне наопаку. Потоа доаѓа кросоверот Toyota, модел C-HR кој се обидува да се паркира наназад.

Но, жената зад воланот малку се збунила во маневарот за паркирање или во обидот да го придвижи возилото директно напред и назад. Таа навистина го израмни автомобилот, но додека го префрли во Р, автомобилот заврши над амбисот на катната гаража. Автомобилот висеше од работ на зградата и буквално беше милиметар од моментот кога падна од 15 метри височина.

Според „Дејли меил“, автомобилот висел на работ околу една минута кога минувачите се стрчале и ја извлекле жената преку прозорецот. Жената подоцна изјави дека неодамна ја купила Тојотата и дека е навистина збунета при менување на менувачот, па случајно го префрлила во обратна насока. Автомобилот беше оштетен, но е избегната катастрофа.

ДИК: Силјановска Давкова 39,50%, Пендаровски 19,30% од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 74,72 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 39,50%

На второ место е Стево Пендаровски со 19.30 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 14,38 % , Максим Димитриевски 8,47% , Арбен Таравари 10,24 % , Билјана Ванковска 4,46 % и Стевчо Јакимовски 0,84%.

Стево Пендаровски

128.423 | 19,30%

Гордана Сиљановска Давкова

262.871 | 39,50%

Стевчо Јакимовски

5.564 | 0,84%

Бујар Османи

95.682 | 14,38%

Билјана Ванковска Цветковска

29.657 | 4,46%

Арбен Таравари

68.153 | 10,24%

Максим Димитриевски

56.370 | 8,47%

Османи: Остваривме голема победа низ целата држава

Кандидатот за претседател на коалицијата на ДУИ , Бујар Османи објави дека победил во голем број општини.

Европскиот фронт победи во голем број општини , рече Осдмани и додаде дека коалицијата остварила голема победа, на што им се заблагодари на граѓаните.

(21.40 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 76% : Силјановска 306424 , Пендаровски 149763 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 76 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 150.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер