Застрашувачки феномен е снимен на Гренланд , исчезнува езеро (ВИДЕО)

Истражувачите во реално време забележаа како езеро во Гренланд се празни преку длабоки пукнатини за само неколку часа , а се очекува овој феномен да биде почест поради климатските промени.

Ледениот слој во Гренланд може да биде дебел и километар, а во лето е вообичаено дел од површината да се стопи и да формира езеро. Овие езера подоцна можат да најдат пукнатина во мразот, да го прошират под притисок и да создадат огромен отвор што се спушта до дното на ледената покривка дури и на една милја надолу.

Овој познат феномен е тешко да се набљудува директно, но глацијатолозите на Институтот за истражување ,,Скот Полар” на универзитетот Кембриџ имаа среќа кога пристигнаа во западен Гренланд во јули 2018 година.

Неколку дена по пристигнувањето, две третини од езерото, или скоро пет милиони литри, исчезнале од површината и пропадна во земјата за пет часа. Воздушните снимки направени од дрон пред и потоа покажуваат голема темносина елипса која се стеснува во помал светло син круг со помала длабочина.

„Беспилотното летало ни помага да направиме висококвалитетни снимки во области што не се безбедни за научниците“, изјави Том Чудли, докторант и пилот на беспилотни летала.

Глечерот Store се движи се брзина од 600 метри за една година. Научниците виделе дека ненадејното испуштање на езерото некое време ја зголемува брзината на движење на глечерите од два на околу пет метри на ден. Водата што тече под мразот, имено, го „подмачкува“ глечерот.

Уште изненадувачки е што за неколку часа водата крена огромен слој мраз за 55 см, велат научниците.

„Мразот е дебел еден километар, можете да замислите колкав притисок е потребен “, рече Чудли.

Целта на студијата за PNAS е да се опише поопширно формирањето на овие огромни пукнатини кои подоцна стануваат „автопати“ преку кои водата истекува од површината кон основата на леденикот, што може да го забрза движењето на глечерите.

„Количината на вода што се испразнува од езерото може да се зголемува на нови локации за кои не знаевме досега“, предупреди Том Чудли.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер