Доставувач заигра од радост кога виде што му оставиле пред врата (ВИДЕО)

Сезоната на празници е пред нас, а благодарение на интернет, купувањето Божиќни подароци стана многу полесно. За жал, тоа означува и сезона на метеж за оние што доставуваат пакети.

Сепак , има такви што се грижат за овие „Божиќни елфси“ кои вредно си ја вршат својата работа. Една од нив е Кети Оума, чие видео од човекот за достава, кој беше толку возбуден од тоа што имало пред вратата, стана хит на социјалните мрежи.

„Ве молиме, земете малку бонбони за да уживате во понатамошното испорачување на пакети. Ви благодарам што го ни го олеснивте празничниот шопинг“, напиша Кети во белешката до испорачателот.

Човекот беше толку задоволен од овој мал знак на внимание, штопочна да танцува.

„Ова е толку убаво и слатко“, повторуваше човекот на снимката.

"Ова ми го разубави денот. Секоја година, оставам бонбони пред вратата", напиша скромната Кети, која му го разубави денот и на среќниот доставувач.

Вработените во културните институции од утре почнуваат со протести

Околу 3 000 вработени во културата се уште немаат земено мартовска плата. 

Не само што платите доцнат туку културните работници, како што обвинија од синдикатот нема да го добијат ниту зголемувањето за 12 % кое велат им следи согласно колективниот договор.

Тие денеска излегоа на протест пред министерството, а доколку денеска не добијат плата најавија дека протестите ќе продолжат и утре и во следниот период.

„Како министерката за култура на 1ви април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март, ако претходно исто тоа покачување не го договорила со министерот за финансии, за сега кој да биде виновникот за неисплатата на плати во културата. Што се случува и кој е одговорен за колапсот што го создадоа во културата, неупсехот на владата, особено на министерството за култура да ги исполни своите обврски со тоа што не ги исплати ветените плати на сите вработени во културата согласно законите и договорите.“- изјави Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура.

Културните работници поддршка добија и од ССМ, од каде порачаа дека мерењето на политичката сила на грбот на работникот е неприфатливо.

„Пред две недели бевме тука и слушнавме дека министерката за култура дава целосна поддршка и го зборува тоа што го зобрува и синдикатот, платите во културата растат за 12 % за жал две недели подоцна тоа се уште се нема случено и ние сме загрижени дека мерењето на политичката сила на грбот на овие работници е неприфатливо и не смее да се случи во едно демократско општество. “, вели Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Поради доцнењето и неусогласувањето на платите регираа и од СОНК, од каде најавија дека доколку пробелмот не се реши вработените ќе стапат во генерален штрајк.

„Проблемот на вработените во културата е актуелен за вработените во културата многу повќе него случувањата на политичката сцена и од таа причина првично веројатно ќе одиме со протест и ако се продлабочи овој проблем веројанто ќе донесеме и одлука за генерален штрајк во сите установи на културата.“- -изјави Јаким Неделков – СОНК .

Согласно усогласувањето на платите со минималанта плата во државата, мартовската плата на вработените во културата треба да им биде зголемена за 12 %, како што велат, пресметките од установите за кутура се готови, но одобрение од финанасиии се уште нема и покрај ветувањето на министерката за култура.

Колку од препораките на оценската мисија ќе бидат спроведени од Судскиот совет?

По низата скандали и критики кои минатата година го потресоа Судскиот совет, нивен приоритет за наредниот период ќе биде спроведувањето на препораките на Европската унија и оценската мисија, која изготви 40 мерки за реформа на телото. 

Оваа заложба членовите на телото ја наведоа во годишниот извештај за 2023-та година кој ќе биде испратен до Собранието. Освен ова, претседателката Весна Дамева, кажа дека ќе се посветат на нивната основна обврска, односно дека се залагаат за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и инситуциите и ќе се спротистават на секое надворешно влијание.. Тие се пожалија дека поради ниските плати и услови голем дел од стручните соработници си заминале од советот, и побараа зголемување на нивниот буџет и обезбедување на финансиска незавиност.

„ Ова е еден од поважните Извтештаи бидејќи 2023 година за Судскиот совет беше многу тешка година и јас се надевам дека 2024 година ќе биде многу успешна година за некако на некој начин да ја покриеме во 2023 година.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

„ Знаеме сите дека недостаток на кадар не е единствената причина туку и недостаток на основни средства за работа ако ние сакаме ефикасност во работењето на СС мораме да имаме не само стручен кадар кој ќе обвозможи да се работи квалитетно и ефикасно туку да ги имаме и основните средства, што значи дека ние потенцираме дека имаме потреба од зголемен буџет, затоа треба да се вметне тоа “-Тања Чанчарева Илиевска – Член на Судски совет.

„ Јас се надевам на слух кај извршната власт кај законодавната да ни помогне на осамостојување финансиски така ќе бидеме осамостоени на секој друг начин“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Од вкупно 40 препораки кои дојдоа од ЕУ, 17 се во доменот на самиот Судски совет, додека за останатите 23 се потребни интервенции во Уставот и во законите кои ја регулираат конкретната материја. Ова лани во декември го кажа евроамбасадорот Гир, кој посочи дека без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Препораките предвидуваат кој се може да биде член на ова тело, точна дефиниција што е истакнат правник,начинот на кој тие се избираат и нивниот шест годишен мандат, кој се предлага да биде скратен, на дисциплинските постапки и разрешувањето на судиите, за транспарентноста во комуникациите со јавноста, како и на финансиската автономија на Советот.

Велковски: Ќе воспоставиме партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите и системско решавање

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) .

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници на повеќе грански синдикати, членови на Конфедерација на Синдикални Организации на Македонија (КСОМ) на која работна средба се разговараше за проблемите со кои се соочуваат синдикатите и вработените во областа на здравството, одбраната, полицијата, Македонски железници и рударството.

„Работничките права не се почитуваат, платите особено во здравството не се системски уредени а големи се и проблеми поврзани со функционирањето на синдикатите во последните неколку години. Ова се клучните работи кои беа истакнати од страна на претставниците на синдикатите“, вели министерот Велковски.

Министерството за труд и социјална политика ќе преземе активности во насока на системско решавање на настанатите состојби и воспоставување на вистински партнерски дијалог помеѓу МТСП и Синдикатите, нешто за што се заложи и министерот Ѓоко Велковски, соопштуваат од МТСП.

притисни ентер