„Ме натераа да имам секс со британскиот принц “

Вирџинија Робертс е жена која тврди дека била присилена на сексуален однос со британскиот принц Ендрју во периодот кога тој бил близок пријател со милијардерот педофил Џефри Епстајн.

ББЦ го прикажа документарниот филм за Вирџинија и нејзините тврдења.

Таа тврди дека била силувана од принцот Ендрју и милијардерот Епстајн кога имала само 17 години. Синот на кралицата Елизабета, принцот Ендрју поради скандалот со милијардерот педофил ги напушти сите кралски должности.

Кралицата Елизабета од Бакингемската палата ја исфрли и неговата канцеларија, многумина сметаат дека принцот веќе никогаш нема да им се врати на кралските обврски.

Вирџинија Робертс во документарецот за ББЦ ги раскажала сите детали од односот со принцот.

-Ми рекоа дека морам да го направам среќен исто како Џефри. Не можев да кажам не, поради тоа што Епстајн го очекуваше тоа од мене. Принцот Ендрју беше ужасен, додека танцувавме цело време се потеше. Неговата пот капеше по мене, вели Вирџинија , која воедно тврди дека со Ендрју спиела повеќе пати, а во една прилика, како што наведува дури биле дел и од оргија, пренесува „Аваз“.

Бакингемската палата по изјавите на Робертс ги демантира овие информации.

-Изричито се негира дека војводата од Јорк имал каков било сексуален контакт или однос со Вирџинија Робертс. Секое тврдење за споменатото е лага и е без основ, стои во соопштението од Бакингемската палата.

Јакимовски: Го признавам поразот и ѝ честитам на Гордана Силјановска- Давкова

Претседателот на ГРОМ и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски рече дека го признава поразот на изборите. 

Јакимовски додаде дека по пет години сите да бидеме живи и здрави , па да видиме дали е направен вистинскиот избор.

САД тајно испратиле проектили со голем дострел ATACMS во Украина

САД испратија проектили со голем дострел ATACMS во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти денеска Стејт департментот.

„Можам да потврдам дека САД и дадоа на Украина ATACMS со голем дострел по директна наредба на претседателот“, изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Оружјето беше дел од мартовскиот пакет помош за Украина, а не од штотуку одобрено од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, но „не го објавивме ова на почетокот за да ја одржиме оперативната безбедност за Украина на нивно барање“, нагласи Пател додавајќи дека „ракетите пристигнале во Украина овој месец“.

Белата куќа претходно потврди дека САД испратиле варијанта на ATACMS со помал дострел во Украина, што може да помине 165 километри, но типот со најголем дострел може да погоди цели до 300 километри.

Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Не се надевавме на ваков резултат , но не се откажуваме од евроинтеграцијата на државата, рече Ковачевски.

притисни ентер