Претставници од ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со претседателот на Асоцијацијата на проект менаџери

Денеска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, заедно со Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Димовски  остварија средба со претседателот на Асоцијацијата на проект менаџери, Александар Наумовски.

На средбата беше дискутирано за   барања кои ги има оваа асоцијација, а се со цел поуспешно да функционира и да придонесе за доброто на сите граѓани во Република Македонија.

Едно од барањата се однесува во однос на самата администрација. Од асоцијацијата сметаат дека треба да се најде модел за навремена, квалитетна и поефикасна реализација на капиталните инвестиции. Од асоцијацијата  побараа да се најде начин за олеснување на административните процедури.

На средбата беше истакнато дека  во наредните 4 години треба  да се обрне посебно внимание на обновливите извори на енергија.

Исто така беше посочено да се обрне внимание и на здравствениот туризам, односно  специфичните  здравствени услуги како пример пластична хирургија или стоматолошки услуги кои може да привлечат дополнителен број на посети.

Беше дискутирано и во насока на развој на гастрономскиот туризам, но и потребата да се најде модел за субвенционирање во занаетчиството, бидејќи во моментот државата се соочува со недостаток на занаетчии кои се иселуваат под притисок на сиромаштијата.

ВМРО-ДМНЕ секогаш е тука да ги слушне барањата на граѓаните кои се насочени кон подобар живот во државата. Како партија која се залага за народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага овие барања бидат реализирани и спроведени во секојдневието. Сето ова ќе се случи по 12 Април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава против тројца скопјани за злоупотреба на службената положба

Поднесена кривична пријава против тројца скопјани, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

– Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево, лице му потврдил статус „Државјанин на РМ кои се враќаат од странство" а која се однесува за товарно возило кое не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО стандарди а потоа в несол податоци од негов колега без негово знаење и согласност. М.Т. како раководител во Бирото за метрологија ја потпишал изготвената потврда без да се увери дека нема потпис од изготвувачот иако, копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар. И.Т. во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски. /МИА

Разговор со вицепремирот за економски прашања Кочо Анѓушев

Кои се очекувањата околу намалувањето на невработеноста и растот на БДП?

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев гостин во вестите на Канал 5. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговара со него пред Владата.

 Во видеото погледнете го целиот разговор.

Десетина загинати и исчезнати при ерупција на вулкан во Нов Зеланд

Петмина загинати, 20 повредени и десетици исчезнати е билансот во ерупцијата на вулкан, на новозеландскиот остров Вајт Ајланд.

Две групи со најмалку 50 туристи биле во обиколка на островот, а неколкумина од нив и во самиот кратер, во моментот кога вулканот започнал да испушта лава и пепел. Според локалните власти бројката на жртви се очекува да расте.

„Ова продолжува да е ситуација која се менува во секој момент. Знаеме дека имаше туристи на и околу островот за време на еруптирање и тоа од Нов Зеланд, но и посетители од странство.  Знам дека има голема загриженост и нервоза за оние кои имаа блиски на и околу островот, но јас ги уверувам дека полицијата прави се што може“, вели Џасинда Ардерн – премиер на Нов Зеланд.

Надлежните велат дека условите, особено чадот, ја попречуваат работата на екипите за итни случаи, а во операцијата за спасување и потрага по преживеани се вклучила и војската. За апокалиптичните сцени сведочат и туристи, кои за влакно ја избегнале несреќата.

„10 минути откако со бродот го напуштивме островот, вулканот еруптираше. Со бродот се вративме за да се обидеме да ги спасиме останатите. Не знам дали успеаја сите да се спасат“, велат туристите.

Инаку, на трети декември локалните власти забележале постепено активирање на вулканот, но не издале забрана за посета на островот, бидејќи според нивните анализи не се очекувала силна ерупција.

притисни ентер