Антикорупциска следната година ќе ги проверува судиите и обвинителите

Антикорупциската комисија од наредната година ќе ја испитува имотната состојба и судирот на интереси на судиите и обвинителите.

Оттаму велат дека планот за проверки каде што има сомнежи веќе е скроен, но иако имаат волја за големата операција, се жалат на ограничени кадровски и технички ресурси. Бараат и соработка со останатите истражни органи.

-Испитувањето на имотната состојба е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи, велат од ДКСК

Нивните анализи покажале дека правосудството подлежи на корупција, па затоа се одлучиле на ваков чекор.

Антикорупционерите бараат и конкретен план за распределба на работата, бидејќи велат бројките не се мали. Се работи за околу 600 судии, плус поротници и обвинители.

Откако премиерот Заев побара во проверките да се вклучат и другите судско-обвинителски тела, се пожалија и од Судскиот совет кои велат дека работат во неполн состав, а сепак постапуваат по барањата кои биле доставени до нив.

-Од влегувањето во сила на новиот Законот за Судски совет од 30 мај 2019 година, поднесени се барања за утврдување на одговорност за вкупно 58 судии. Во текот на 2019та, Судскиот совет разреши еден претседател на суд и двајца судии, а во тек е постапка по извештаите на Комисиите на известители, велат од судскиот совет.

Освен за судии и обвинители, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, денес предложи да се преиспита имотната состојба и на политичарите и на функциониерите.

-Ние ќе предложиме проверка за потекло на имотот на политичарите и оние кои се обогатија на грбот на народот. Јас ќе ги повикам инстутициите прв мене да ме проверат, па Заев и неговото семејство, вели Мицкоски.

Одговор на прашањето дали и каде има корупција и непрофесионализам во судовите и обвинителствата, власта најави дека детално ќе се знае по ветингот кој би се спроведил по изборите напролет.

Гром ќе се залага за изградба на 5 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Изјава за медиуми на Добрила Андоновска носител на листа во ИЕ1.

Денеска сме во посета на Старскиот дом ,,Мајка Тереза" во Скопје, кој работи во склоп на Геријатрискиот центар 13 Ноември - Скопје.

Старскиот дом Мајка Тереза е единствен државен старски дом во Скопје и згрижува само 75 лица. Во Македонија постојат само 4 државни старски домови од ваков тип: Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Берово со вкупен капацитет од 650 - 700 стари лица.

Македонија има итна потреба од 15 Старечки домови. Друг и многу сериозен е проблемот со Геријатриските центри. Во Македонија постои само еден Геријатриски центар во Скопје. Состојбата е алармантна земајќи во предвид дека младите луѓе масовно се иселуваат од државата и популацијата старее.

Старите лица мора да се згрижат.

Ќе инсистираме за нови 15 Старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри кои за почеток би биле во склоп на општите болници кои може да ослободат 30 - 40 болнички кревети за оваа намена, со што би имале и медицински третман.

При посетата разговаравме со раководителот на старскиот до г-дин. Драган Павлов и ги скениравме сите проблеми. Воедно го посетивме и штандот на рачни ракотворби на жените сместени во домот и купивме ракотворби со желба да се помогне на нашите драги сограѓани, се наведува во партиското соопштение.

Остар протест на претседателот на ИНТЕГРА зашто им беше забранет пристап на пазарот во Велес

Претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски и Коалицијата „Храбро за Македонија“ најостро протестираат поради тоа што беа спречени од обезбедувањето на пазарот во Велес  да поделат промотивен материјал и да имаат средба и разговор со граѓаните.

„Ова што денес ни се случи нам на отворениот пазар во Велес го немало ни во најтемните денови на комунизмот, па ако сакате ни во Северна Кореја. Обезбедувањето не предупреди да не делиме промотивен материјал на сред кампања, дали е тоа забрането според ДИК или е ова приватен имот на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес? Класична злоупотреба на службена положба и овластување. Тоа ли ќе го враќа ВМРО-ДПМНЕ, најтемниот период од комунизмот, со забрани, со уцени, со притисоци? Луѓето да не можат да ја дознаат вистината од другите политички понуди на пазарот? Срамота за градоначалникот на Велес, срамота за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, комунизмот не смееме да го вратиме, мора слободата да дише, ова е место на народот, и имаме право во сред кампања да допреме до народот да ја пласираме политичката понуда да видат и сфатат дека има и нешто многу подобро од двете црно-бели партии кои темнина ја носат на политичката сцена во Македонија“, се наведуива во партиското соопштение.

СДСМ: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат

Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. 

Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.

Донесовме економска стабилност за пензионерите.

„Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.

Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.

„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, односно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.

Го јакнеме животниот стандард на пензионерите.

„Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.

Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица.

„Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во државата“, истакна Николовски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер