Втора шанса

Од утре во 20:20 на Канал 5 - не ја пропуштајте новата љубовна приказна „Втора шанса“.

Коркут е млад и згоден дечко, кој живее сиромашен живот.  Како мал е напуштен од своите родители и посвоен од едно семејство во Германија.

Неговиот сон да се ожени и да основа семејство е скршен откако неговата девојка ќе го изневери и ќе се омажи за друг.  Единствената причина за живот што му останува е да се врати во Турција и да го најде вистинското семејство.

Џејлан е млада и убава модна дизајнерка која работи како асистент  за познат пејач Толга. Таа е вљубена во него но за жал љубовта не и е возвратена.  На едно нивно заедничко патување во Германија Џејлан ќе направи се да го привлече вниманието на Толга но залудно, тој е вљубен во друга девојка.

Фрустрирана и разочарана Џејлан сака да се врати назад во Истанбул.

Изиграна и оставена сама низ улиците на големиот за неа непознат град - ќе го запознае Коркут. 

Од нивните погледи извира тага... но некаде зад тагата, срамежливо заискрува љубовта...

притисни ентер