Славната актерска двојка има три деца - ќерките Виолет (14) и Серафина (10) и синот Самуел (7) – и за сите нив се грижат заедно. Отсекогаш оставале впечаток во јавноста како родителите кои на прво место ја ставаат благосостојбата на своите деца, затоа што и покрај разводот, тие честопати беа гледани заедно со своите деца.
Сепак, дека идила не постои, го покажуваат најновите фотографии направени пред куќата на познатата актерка.
Двојката среде улица почна жестока расправија. Се чинеше дека Афлек сака да ја удри Џенифер кога замавна со раката , а потоа налутен се повлече .
Конечно, двајцата влегоа во Range Rover-от на Бен и тргнаа подалеку, но Гарнер беше фатена како седнува на возачкото седиште додека Афлек незадоволно седна на местото на сопатник. Со оглед на тоа што актерот беше снимен во пијана состојба минатата недела, иако веќе една година се опоравува од алкохолизам и други зависности, можеби овој пат го имаше истиот проблем.
Бен Афлек беше виден пијан на маскенбалот на УНИЦЕФ во Холивуд минатата сабота. Актерот се сопна и едвај одеше до автомобилот, а во еден момент скоро падна. Следниот ден, тој ја призна грешката, но рече дека сега е решен да се „исчисти“.