Ограбен e музејот на поранешната тајна полиција ,,Штази" во Берлин

Засега непознати лица извршиле грабеж во музејот на ,,Штази” во Берлин,во кој се чувале предмети на тајната поранешната источногерманска полиција, соопштија властите , на неколку дена по историскиот грабеж во музејот во Дрезден.

Ограбувачите влегле низ прозорец, скршиле неколку витрини и одзеле медали и накит, се вели во соопштението на полицијата.

Тие избегале со пленот без да бидат спречени од некого.

Не се знае точно кога се случил грабежот, но вработен во музејот пронашол искршени витрини  утрово во изложбената сала.

Кражбата се случува неколку дена по грабежот во музејот познат како ,,Зелена ризница” во Дрезден, исто така во поранешна Источна Германија, каде крадците во понеделникот однеле бесценет накит.

Најавена е награда од 500.000 евра за какви било информации за грабежот во Дрезден.

Кривична пријава против тројца скопјани за злоупотреба на службената положба

Поднесена кривична пријава против тројца скопјани, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

– Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево, лице му потврдил статус „Државјанин на РМ кои се враќаат од странство" а која се однесува за товарно возило кое не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО стандарди а потоа в несол податоци од негов колега без негово знаење и согласност. М.Т. како раководител во Бирото за метрологија ја потпишал изготвената потврда без да се увери дека нема потпис од изготвувачот иако, копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар. И.Т. во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски. /МИА

Разговор со вицепремирот за економски прашања Кочо Анѓушев

Кои се очекувањата околу намалувањето на невработеноста и растот на БДП?

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев гостин во вестите на Канал 5. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговара со него пред Владата.

 Во видеото погледнете го целиот разговор.

Десетина загинати и исчезнати при ерупција на вулкан во Нов Зеланд

Петмина загинати, 20 повредени и десетици исчезнати е билансот во ерупцијата на вулкан, на новозеландскиот остров Вајт Ајланд.

Две групи со најмалку 50 туристи биле во обиколка на островот, а неколкумина од нив и во самиот кратер, во моментот кога вулканот започнал да испушта лава и пепел. Според локалните власти бројката на жртви се очекува да расте.

„Ова продолжува да е ситуација која се менува во секој момент. Знаеме дека имаше туристи на и околу островот за време на еруптирање и тоа од Нов Зеланд, но и посетители од странство.  Знам дека има голема загриженост и нервоза за оние кои имаа блиски на и околу островот, но јас ги уверувам дека полицијата прави се што може“, вели Џасинда Ардерн – премиер на Нов Зеланд.

Надлежните велат дека условите, особено чадот, ја попречуваат работата на екипите за итни случаи, а во операцијата за спасување и потрага по преживеани се вклучила и војската. За апокалиптичните сцени сведочат и туристи, кои за влакно ја избегнале несреќата.

„10 минути откако со бродот го напуштивме островот, вулканот еруптираше. Со бродот се вративме за да се обидеме да ги спасиме останатите. Не знам дали успеаја сите да се спасат“, велат туристите.

Инаку, на трети декември локалните власти забележале постепено активирање на вулканот, но не издале забрана за посета на островот, бидејќи според нивните анализи не се очекувала силна ерупција.

притисни ентер