Веќе се појави името на добитникот на ,,Златната топка” – Роналдо не е ниту меѓу првите тројца

Уште само 24 часа Лука Модриќ е официјално најдобриот играч на светот , а одличниот Аргентинец Лионел Меси ќе ја освои титулата за  најдобар фудбалер во 2019 година.

France Football  традиционално ја доделува ,,Златната топка” на почетокот на декември, а на утрешното доделување на  наградата, Лионел Меси ќе ја добие својата шеста Златна топка, најголемото индивидуално признание за секој фудбалер.

На социјалните мрежи се појави фотографија со резултатите, со Меси пред Ван Дијк и Салах. Интересно е што Роналдо не е меѓу првите тројца во светот, а тој одби да присуствува на гала-церемонијата во Париз.

Меси и Роналдо моментално се први со по пет освоени трофеи „Златна топка“. Мајкл Платини, Јохан Кројф и Марк ван Бастен имаат по три златни топки.

Италијанската тенисерка објави: Ја добив битката со ракот! (ВИДЕО)

Некогаш четврта тенисерка во светот, Италијанката Франческа Скјавоне објави дека минатата година водела голема битка со ракот .

Шампионката на Ролан Гарос во 2010 година и освојувачка на осум титули на ВТА, објави на социјалните мрежи дека на почетокот на оваа година и бил дијагностициран карцином , по што почнала со лекување.

Италијанката, која официјално се повлече од терените во 2018 година, изјави дека победила во големата битка со тешката болест.

"Здраво на сите, молчев седум или осум месеци. Бев изолирана од светот и социјалните мрежи. Сакам да го споделам со вас она што ми се случи во тој период. Ми беше дијагностициран карцином".

"Добив хемо, се борев напорно и сега можам да дишам. Ја освоив битката и се вратив во акција", рече Франческа во објавата.

Пред две години беше најплатен фудбалер на светот , а сега се пензионира

Езекиел Лавези реши да ја заврши кариерата на 35 годишна возраст. Последниот клуб за кој играше беше кинескиот Hebei Fortune.

,,Мојата фудбалска приказна беше неверојатна сите овие години. Беше обележана со учење, специјални моменти и сеќавања што ќе ги паметам до крајот на животот. Благодарност до сите што беа со мене. Време е да се збогувам со најневеројатниот дел од мојот живот", изјави Лавеци кој го направи своето деби во сениорскиот фудбал во 2003 година за аргентинскиот „Естудијантес“ и одигра 51 натпревар за репрезентацијата на Аргентина.

Тој помина пет години во Европа во Наполи и постигна 48 голови за славниот клуб, а потоа отиде во ПСЖ во 2012 година за 28 милиони евра и таму освои четири шампионски титули.

Заминувајќи во Кина во 2016 година, стана најплатениот фудбалер на светот. Таму заработи повеќе од 20 милиони долари по сезона. Не постигна голови во својата прва сезона во Кина, одигра само 775 минути, и звучи неверојатно што заработуваше повеќе од 30 000 долари за секоја минута на тревникот.

Сепак, следната сезона им се откупи на Кинезите и постигна 20 голови со 19 асистенции. Има одиграно само 11 натпревари оваа сезона и постигна три гола.

„Легендите не умираат, тие никогаш нема да бидат заборавени“, напишаа на транспарентот на навивачите на Hebei Fortune на натпреварот против Guangzhou Evergrande, откако стана јасно дека нивниот фаворит ќе стави крај на својата кариера.

Лавеци добро се заштити со договор за да ги добие сите пари од Кинезите, иако многумина имаа проблем да им ги исплатат . Во договорот се наведува дека клубот требало да му плати 26,7 милиони долари до 10 март од неговата прва година во клубот. Доколку не му ја платат таа сума, ќе му должат уште 20 милиони, а во случај ако ништо од ова не го платат до 17 март, договорот ќе беше раскинат и фудбалерот ќе добие 20 милиони долари. Аргентинецот се избори и за опремен стан, вила, два автомобили, возач и преведувач.

Нејмар докажа дека нема непријатели во тимот

Нејмар потсети колку е моќен во дуелот помеѓу ПСЖ и Галатасарај (5-0).

Бразилецот постигна еден гол и забележа две асистенции, но неговиот потег за петтиот гол привлече најголемо внимание.

По изречената казна во корист на  ПСЖ , Нејмар ја однесе топката на белата точка. Сепак, тој не го шутираше пеналот, туку му го препушти  шутот на  Единсон Кавани.

"На себичноста не и е место во фудбалот. На Единсон му беше потребен гол. На крајот, сите напаѓачи постигнаа по еден и сите си одиме дома среќни", изјави Нејмар и изненади многумина со таквата порака.

Ова е уште почудно ако се знае дека судирот меѓу Нејмар и Кавани започна пред две години токму поради пенал. Бразилецот сакаше да шутира пенал на натпреварот против Лион, но Кавани не му ја даде топката и тој го промаши ударот од белата точка. Подоцна, расправиите продолжија во соблекувалната и навивачите на ПСЖ јавно застанаа на страната на Кавани, кој е подолго во клубот.

Оваа сезона Кавани има проблеми со повреда и постигнал само два гола на 10 настапи пред натпреварот со Галатасарај.

притисни ентер