(ФОТО) И од Мицкоски и од Анѓушев студентите на Машинскиот Факултет се повеќе од задоволни

„По трагите“ на нападите на портпаролот на СДСМ, за наводното незадоволство на студентите од Мицкоски, како професор на МФ, Канал 5 побара и став од деканот на истиот факултет, кој  не сакаше да зборрува на таа тема. Затоа најдовме документ од 2013 г.

Машинскиот факултет во ноември 2013 год. направил интерна анонимна анкета, при која студентите ги оценувале своите професори на 10-тина поставени прашања.

Во документот кој може да се симне од самата веб страница на факултетот, ги пронајдовме имињата на актуелниот вицепремиер на Македонија, Кочо Анѓушев, како и името на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од резултатите се уверивме дека и двајцата професори котирале одлично меѓу своите студенти, кои биле особено задоволни од нивната точност и квалитетот на предавањата, во 2013 год.

Дали нешто се сменило во меѓувреме, ќе мораме да почекаме да се охрабри деканот на Машинскиот Факултет, за да ни даде евентуално нови анкетни резултати и мненија.

линк до pdf фајлот

Разговор со вицепремирот за економски прашања Кочо Анѓушев

Кои се очекувањата околу намалувањето на невработеноста и растот на БДП?

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев гостин во вестите на Канал 5. Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговара со него пред Владата.

 Во видеото погледнете го целиот разговор.

Десетина загинати и исчезнати при ерупција на вулкан во Нов Зеланд

Петмина загинати, 20 повредени и десетици исчезнати е билансот во ерупцијата на вулкан, на новозеландскиот остров Вајт Ајланд.

Две групи со најмалку 50 туристи биле во обиколка на островот, а неколкумина од нив и во самиот кратер, во моментот кога вулканот започнал да испушта лава и пепел. Според локалните власти бројката на жртви се очекува да расте.

„Ова продолжува да е ситуација која се менува во секој момент. Знаеме дека имаше туристи на и околу островот за време на еруптирање и тоа од Нов Зеланд, но и посетители од странство.  Знам дека има голема загриженост и нервоза за оние кои имаа блиски на и околу островот, но јас ги уверувам дека полицијата прави се што може“, вели Џасинда Ардерн – премиер на Нов Зеланд.

Надлежните велат дека условите, особено чадот, ја попречуваат работата на екипите за итни случаи, а во операцијата за спасување и потрага по преживеани се вклучила и војската. За апокалиптичните сцени сведочат и туристи, кои за влакно ја избегнале несреќата.

„10 минути откако со бродот го напуштивме островот, вулканот еруптираше. Со бродот се вративме за да се обидеме да ги спасиме останатите. Не знам дали успеаја сите да се спасат“, велат туристите.

Инаку, на трети декември локалните власти забележале постепено активирање на вулканот, но не издале забрана за посета на островот, бидејќи според нивните анализи не се очекувала силна ерупција.

Промовиран проектот „Ослободи го умот од корупција"

Здружението на граѓани Театар „БОЕМИ" ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.

Проектот „Ослободи го умот од корупција" ќе опфати 30 градови и ќе вклучува 70 претставници во секој град – 35 млади од средните училишта и факултети и 35 претставници на градските институции како судовите, полицијата, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.

Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, документарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја.

Од Здружението „Боеми" информираат дека ќе биде напишана драма и подготвена специјална театарска претстава, ќе се сними и објави документарен филм, ќе се спроведе истражување за подигнување на свеста за корупција и заклучоците ќе бидат објавени во книга – научна студија, а сите 2.100 учесници ќе станат членови на Националното Мрежа за подигнување на свеста за корупција.

– Според извештајот на UNODC, 10,8 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 64 години биле изложени – директно или преку некој член на нивното семејство на искуство за поткуп на јавен службеник а со директно искуство за поткуп, процентот е 6,2 отсто од тие граѓани кои имаат контакт со јавната администрација и со оние кои барем еднаш плаќале мито на секои две месеци и тоа 6,4 отсто во градско и 5,8 отсто во руралните области. Поткупот во форма на пари претставува скоро половина (45 отсто) од сите форми на мито. Речиси една третина од платеното мито (32 отсто), всушност, го нудат самите граѓани, додека во скоро 50 отсто било платено како резултат на барање (https://www.unodc.org), соопштуваат од Здружението „Боеми". /МИА

притисни ентер