Со вградување електроди во мозокот , ќе се лекува нарко зависноста

Пациентите со долгорочна зависност од дрога ќе имаат вграден импланти во мозокот за да ја регулираат нивната потреба за наркотиците.

Џерод Букхалтер (33) повеќе од десет години се бори со зависноста од наркотици. Тој престанал да се дрогира неколку пати, но повторно се враќал, што резултирало во повеќе случаи на предозирање, поради што хирурзите неодамна му инсталирале „пејсмејкер за неговиот мозок“, пренесува BBC.

Д-р Али Резаи, кој ја изврши интервенцијата со неговиот тим, предупредува дека иако многумина веруваат дека тоа е технологија што може многу да промени, сепак ваквите интервенции  не треба да се користат за „подобрување на човечкиот род“.

Процесот започнува со серија скенирања на мозокот, проследени со операција, за време на која лекарите прават мала дупка во черепот на пациентот. Преку него, електрода од 1мм се воведува во специфичен дел од мозокот, чија задача е да ги регулираат импулсите на зависност и самоконтрола кај пациентите.

Електродата има вградена батерија, а мозочната активност потоа се следи од страна на голем број специјалисти за зависност, психолози и психијатри.

Тоа е  стимулација на мозокот (ДБС) одобрена од ФДА за третман на Паркинсонова болест, епилепсија и опсесивно-компулсивно нарушување.

Имплантациите во мозокот денес имаат околу 180.000 луѓе ширум светот.

Треба да се напомене дека ДБС за првпат е одобрен во САД за третман на зависност од наркотици, што е доста комплицирано затоа што многу научници, психолози и етичари учествувале во процесот на донесување одлуки.

Русија развива технологија против опасните комети и метеори

Руската вселенска агенција Роскосмос создава центар за  набљудување на метеори, комети и астероиди за да се осигура дека тие нема да се судрат со Земјата - дури и ако треба да ги разнесат во вселената.

„Како дел од создавање на систем за набљудување и информативна поддршка за безбедноста на вселенските активности во просторот близу Земјата, планираме да го основаме  Рускиот центар за мали небесни тела, чија главна задача ќе биде да ги открие и следи небесните тела кои се приближуваат кон Земјата “, изјави Игор Бакарас, висок функционер во Роскосмос, за руската новинска агенција Спутник.

Се очекува центарот да почне со работа кон средината на 2020 година.

Русија исто така неодамна ги објави плановите за изградба на серија телескопи на Месечината за да ги следи потенцијално опасните вселенски карпи, па се чини веројатно новиот центар ќе има улога во остварувањето на тој план.

Бакарас изјави за „Спутник“ дека руските научници во моментов истражуваат различни начини за уништување или пренасочување на вселенските карпи што се движат кон Земјата, вклучително и преку употреба на сателити, ракетни мотори и соларни едра.

„Во моментов, работата во овие области е ограничена во голема мерка на теоретско истражување и математичко моделирање на разни контрамерки“, рече Бакарас .  Додаде дека истражувањето би можело да биде клучно за зачувување на планетата ако астероид се најде на патека преблиску или во правец кон  Земјата.

Германски Ромео поминал 260 километри во автомобил на баба му за да ја види девојката

14- годишно момче од Германија тргнал во романтична авантура со автомобилот на неговата баба , што и го зел без знаење , само за да ја види својата девојка.

Четиринаесетгодишно неименувано момче во текот на ноќта го укралo автомобилот на баба му и возел низ Германија 260 километри. Авантурата завршила кога вработени во бензинска пумпа се јавиле во полиција вчера во раните утрински часови.

Момчето избегало со автомобилот на баба му од местото Герден во Долна Саксонија, соопшти полицијата. Потоа се возел до градот Алсфелд во соседната држава Хесе, каде забележал дека останува без гориво.

Застанал на бензинска пумпа на автопатот за да го наполни резервоарот. Вработените се посомневале дека такво младо лице плаќа гориво и повикале полиција.

Момчето подоцна признало дека сакало да ја посети својата девојка во Франкфурт.

Полицијата му поднела прекршочна пријава за возење без валидна возачка дозвола.

Русин се шокирал , кога го видел лицето на бебето во машина за перење

Татко од Русија се преплашил кога видел маица со фотографија од лицето на своето бебе во машината за перење, мислејќи дека бебето е внатре.

Корисникот на социјалната мрежа „Имгур“, за кој се верува дека е од Русија, останал во шок пред да сфати дека тоа е само фотографија на неговото бебе и дека тоа е безбедно.

„Ве молам, ако некогаш ја перете омилената маица со слика на вашето бебе, само ставете предупредување на машината за перење или нешто друго “, ги предупреди другите корисници на Imgur со фотографија која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Некои луѓе го советуваа да ја сврти кошулата наопаку додека пере, а за други беше чудно што воопшто има маица со лик на бебето, а имаше и такви кои признаа дека биле шокирани се додека не го прочитале објаснувањето со фотографијата.

притисни ентер