Германските доктори предупредуваат : Денот на современите луѓе трае и повеќе од 24 часа

Џет лег е проклетство на современиот свет. Кога авион поминува низ неколку временски зони, патниците обично не успеваат да заспијат ноќта и се исцрпени во текот на денот - што секако предизвикува здравствени проблеми.

Но, дали ефектот е полош ако авионите патуваат кон исток или кон запад? „За многу патници, авионското пореметување е полошо ако патуваат на исток“, вели Андреа Роденабек, која ги проучува нарушувањата на спиењето во болницата Порц ам Рајн, Германија.

"Повеќето луѓе имаат внатрешен и ноќен ритам што е всушност малку подолг од 24 часа. Ова е причината зошто може да изгледа полесно да се продолжи денот, што се случува ако патникот патува на запад. Скратувањето на денот кога патувате на исток предизвикува телото да се збуни ". , наведува докторката.

Неспиењето  за време на патувањето доведува до нарушување на нашиот внатрешен часовник, објаснува Роденбек. „Оние кои можат да се релаксираат и да успеат да фатат барем малку сон за време на летот, ќе можат да се справат со промената на неколкуте временски зони“, додава таа.

Ако временската разлика е 10 до 12 часа, се чини дека е мудро да останете будни додека навистина не заспиете кога ќе стигнете на крајната  дестинација. Една или две дремки до 20 минути и шолја кафе ќе ви помогнат да го издржите денот, вели Ханс-Гинтер Вес од германското друштво за спиење.

Дневната светлина исто така ни помага да останеме будни. „На тој начин, вие сте релативно подготвени да ја прифатите шемата за спиење што важи за таа дестинација“, додава тој.

Ако патувате во различна временска зона на помалку од 48 часа, тогаш не треба да се трудите да се навикнете на временската разлика, вели Вес, додавајќи дека во тој случај поумно е да го задржите своето темпо.

Треба да се внимава и при земање апчиња за спиење. Според Вес, засега не е јасно дали апчињата можат да помогнат при џет лег. „Податоците се нејасни“, вели тој.

,,Ако сепак одлучите да ги земате апчиња, не треба да ги користите повеќе од две ноќи, вели тој, затоа што можете брзо да се навикнете на нив. Треба да го проверите нивниот внес дома, по можност во текот на викендот. „Во ретки случаи, тие можат да имаат спротивен ефект од очекуваниот“, посочува Вес.

Што се случува со Бритни Спирс?

Контроверзната пејачка Бритни Спирс (38) уште еднаш се најде во центарот на вниманието.Камерије ја уловиле пејачката како излегува од клиника во Лос Анџечес во друштво со телохранител.

Поп принцезата делувала запуштено. Освен неуредната фризура и размачканата шминка, Бритни на себе облекла фармерки, бела маица без градник, отворени сандали и бели спортски чорапи.

Дека со пејачката повторно нешто се случува се загрижени и фановите, откако таа објави видео на Инстаграм како игра во својот дом. На видеото таа имала јака црна шминка околу очите, поради која делувало како да не се измила неколку денови.

Минатата недела таа наполни 38 години, роденденот го прослави во Мајами со своето момче Сам Асгхари.

Бритни веќе 12 години се бори со своите проблеми со менталното здравје. Нејзиниот менаџер во една прилика изјавил дека не е сигурен дали таа некогаш ќе се врати на сцената.

Фото: Кејт Мос позира со голи гради

Кејт Мос на плажа во Мајами позираше топлес и сите ги остави без здив.

Славната манекенка учествува во кампања за еден машки бренд и поради тоа носеше сако и ништо друго под него.

Во еден момент силниот ветар го симнал сакото од нејзе. Но Кејт тоа не ја збунило, таа и понатака во свој стил опуштено шетала и позирала на плажа.

Американецот Чеснут победи и на натпреварот во јадење морски ракчиња

По убедливите победи во јадење хот догови и јајца, американецот Џо Чеснут убедливо победи и во натпреварот во јадење морски ракчиња.

Големата вилица, како што го нарекоа неодамна медиумите, изеде четири и пол килограми коктели од ракчиња за осум минути.

Натпреварот се одржа во Минеаполис, каде тој победи и лани. Чеснут веќе држи неколку рекорди во слични необични категории. Тој пред неколку години изеде 74 хот дога за осум минути, а на друго натпреварување, за осум минути изеде 140 јајца.

притисни ентер