Една од пациентките го пријавила во полиција , кога ги видел снимките од гинеколошкиот преглед на порнографски страници. Полицијата го сослушала гинекологот Вјачеслав Триполк, а потоа нашла скриен фотоапарат на неговата клиника во Одеса.
Лекарот и рекол на полицијата дека минато лето бил инсталиран нов аларм во неговата клиника и дека некој друг можел да постави скриени камери во тоа време. Но, видеата на неговите пациентки се појавиле на веб-страници пред да биде инсталиран новиот аларм.
Олег Лукјанчук, раководител на болницата во која се наоѓа гинеколошката клиника, рече дека кога слушнал што се случува, мислел дека некој се шегува со него.
„Загрозен сум, како граѓанин и како лекар“, изјави Лукјанчук.
Покрената е истрага и доколку биде прогласен за виновна за производство и дистрибуција на порнографија, Триполко се соочува со максимална казна од седум години затвор, пренесува „Дејли меил“.
Гинекологот Триполко не бил задржан во притвор додека трае истрагата, но доби отказ од клиниката , а воедно му е забрането да практикува медицина.