35- годишен актер почина среде снимање

Тајванско – канадскиот модел и актер Годфри Гао почина од срцев удар среде снимање во Кина.

Гао денеска снимал спортско реалити шоу во кинескиот град Нингбо, кога починал, јави неговата агенција JetStar Entertainment.

Според извештаите, 35-годишникот паднал додека трчал. Тој бил пренесен во болница, но веднаш бил прогласен за мртов, пренесува Си-Ен-Ен.

Гао беше првиот азиски модел на луксузниот бренд Луј Витон. Тој глумеше во бројни телевизиски драми и филмови, вклучувајќи ја и улогата во холивудскиот филм „The Mortal Instruments: City of Bones “.

Неговото тело ќе биде пренесено денес во Тајпеј, главниот град на Тајван, каде што е роден.

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

Во вторникот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница, беше поставен првиот граничен премин. Преминот е поставен во рамките на работата на дефинирање на координатите врз основа на геодетските мерења на површината, пренесе агенцијата Азертас, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот вицепремиер, Шахин Мустафаев. /МИА

Џафери - Лапсли: Македонија е ценета членка на Алијансата

Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.

Премиерот Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.

Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.

На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.

Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Македонија, ја даваат за Украина.

Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

Да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија.

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.

Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.

По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер