Филмот „Господ постои, името и е Петрунија" добитник на наградата „ЛУКС 2019" за филм на Европскиот парламент

Филмот „Господ постои името и е Петрунија" на Теона Митевска Стругар ја доби наградата „ЛУКС 2019" за филм на Европскиот парламент, која беше доделена на свечената церемонија во хемисиколот на Европскиот парламент, јавува дописникот на МИА од Стразбур

Прв пат откако е воведена наградата Лукс за филм на Европскиот парламент пред тринаесет години, македонски филм е добитник на оваа награда. Филмот „Господ постои, името и е Петрунија" на Теона Стругар Митевска е копродукција меѓу Македонија, Словенија, Белгија, Хрватска и Франција.

Покрај „Господ постои, името и е Петрунија" на Теона Стругар Митевска за наградата во финалната трка се најдоа се уште и „Нерешениот предмет Хамарскјилд" на Мадс Бругер (Данска / Норвешка / Шведска / Белгија), и „Ел Реино" (Шпанија / Франција) од Родриго Сорогојен.

Инаку, годинава меѓу десетте филмови кои беа во селекцијата за наградата ЛУКС2019, од кои беа избрани трите финалисти, имаше уште еден македонски филм „Медена земја" на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, што само зборува за квалитетот на македонската филмска продукција.

Наградата од рацете на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли ја прими, режисерката Теона Стругар Митевска во присуство на главната актерка која ја игра улогата на Петрунија Зорица Нушева и актерката и продуцент на филмот Лабина Митевска.

При добивањето на наградата Теона Стругар Митевска рече дека „Петрунија, благодарејќи на својата отпорност и храброст допре толку многу срца".

-Јас често сум критикувана во Македонија од политичарите, бидејќи сум многу политички, тоа е вистина бидејќи како автор сум заинтересирана за тоа што се случува во моето општество. Моја е должност да зборувам за проблемите за кои никој не се осмелува да зборува, рече таа.

Притоа, се обрати до европратениците барајќи да ги бранат правата на слобода и на збор на уметниците и авторите.

-Јас сум жена, јас сум Македонка, јас сум европјанка, иднината на Европа е во солидарноста во инклузијата, а не во ексклузијата, рече Стругар Митевска од говорницата на Европскиот парламент.

Претходно, заедно со екипите на уште двата други филмови-финалисти екипата на „Петрунија" учествуваше на семинарот на Наградата ЛУКС, во присуство на Олег Сенцов, режисер и добитник на наградата Сахаров 2018 за слободата на мислење, која му беше врачена вчера.

За Наградата „ЛУКС 2019" гласаа европратениците, оние кои ги видоа филмовите, всушност тие се финалното жири за наградата, откако филмовите беа селектирани од филмски професионалци од земјите членки на ЕУ.

Европскиот парламент ги покрива трошоците за титлување на трите финални филмови на 24 официјални јазици на ЕУ и изработува дигитална копија на филмовите за секоја од земјите-членки.

ЛУКС наградата за кино е посветена на промоција на европското кино и има за цел да го поддржи ширењето на европските продукции и да ја стимулира дебатата на ниво на целиот континент за главните политички и општествени теми. Таа беше доделена прв пат во 2007 година. Победничкиот филм ќе биде адаптиран за лица со оштетен слух или оштетен вид и ќе добие дополнителна промоција./МИА

Новата Мис на Буенос Аирес има 60 години, цел свет зборува за неа (ВИДЕО)

Алехандра Мариса Родригез, адвокатка и новинарка, неодамна ја освои титулата Мис Буенос Аирес и се квалификуваше за изборот за Мис на Аргентина.

Можеби веста не ви е премногу интересна, но кога ќе слушнете колку години има - сигурни сме дека ќе се шокирате.

На крајот на 2023 година, изборот за Мис Универзум ја укина старосната граница, која се применуваше од 1958 година. Поради оваа причина, изборот повеќе не е ограничен на натпреварувачки на возраст од 18 до 28 години.

Потребно е само тие да се полнолетни, што отвори надеж и за Алехандра.

Причината? Многу едноставно - жителката на Буенос Аирес има 60 години, а на неодамнешното натпреварување победи многу помлади девојки.

„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите“, рече таа.

Нејзиниот младешки изглед предизвика бурни реакции на интернет, а многумина беа шокирани од фактот дека таа може да биде нивна баба!

Следниот натпревар за Мис Аргентина се одржува на 25 мај, а се верува дека таа има шанса да победи, пренесува Oddity Central.

Зборувајќи за својот изглед и за тоа како успева да изгледа младешки, Алехандра открива дека вежба три пати неделно, повремено пости и се труди да се храни здраво. Исто така, користете добри креми за кожа.

Алехандра е разведена и живее сама, а се пошегува дека „нејзиниот статус“ можеби придонел за нејзиниот успех на неодамнешното натпреварување.

„Мислам дека судиите ја видоа мојата самодоверба и страст да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење, за да бидеш убава само треба да веруваш во себе и да бидеш автентична“.

Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот

Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. 

Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.

Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.

Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.

Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Да му помогнеме на малиот Војдан, кој треба да оди на рехабилитација во Загреб

Малиот Војдан, заради рехабилитација од церебрална парализа, на 06 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец. 

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција. Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

072221907

притисни ентер