Пендаровски го отвори фестивалот „Игри без маска": Инклузијата на лицата со попреченост показател за развојот на една држава

Да не останеме само на желбите и соништата, да ги направиме нашите желби театарска претстава исполената со разбирање, помагање еден на друг и со безусловна љубов, рече Пендаровски.

Инклузијата на лицата со попреченост е показател за развојот на една држава, огледало на свеста и совеста на едно општество и на сите негови граѓани, порача денеска претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го отвори овогодинешниот Меѓународен инклузивен драмски фестивал „Игри без маски 2019".

-Да не останеме само на желбите и соништата, да ги направиме нашите желби театарска претстава исполената со разбирање, помагање еден на друг и со безусловна љубов, рече Пендаровски.

Изрази благодарност што му е дадена можноста да присустува на овој настан и да го означи неговото започнување истакна дека е пријатно изненаден од од љубовта, оптимизмот, кои „зрачат денеска и на сцената и во публиката"

Нагласи дека без разлика на разликите што ги имаме сите сме еднакви и рамноправни и токму Меѓународниот инсклузивен драмски фестивал „Игри без маска" тоа и го покажува.

-Ве повикувам да го градиме духот на солидарноста, почитување и прифаќањето на различностите. Кога говориме за едно општество за сите не смееме да заборавиме дека тоа не смее да биде само парола, туку во него навистина мора да има место за сите, рече Пендаровски.

Фестивалот се одржува по шести пат во организација на Здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви”.

Ќе трае четири дена и на него ќе учествуваат учесници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија. Целта на проектот е остварување на законското право на лицата со хендикеп за нивно активно вклучување во културни настани, реализација на инклузивни обуки и работилници за нивна подготовка и учество во драмски дела и музичко сценски настапи со завршно претставување на театарската сцена.

Во Виетнам обвинети седум лица за „камионот на смртта“

Во Виетнам се обвинети 7 лица во врска со смртта на 39 виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион во близина на Лондон во октомври.

Официјалната Виетнамска новинска агенција соопшти дека осомничените се обвинети за организирање и посредување во илегална емиграција.

Истрагата покажала дека обвинетите помогнале во тоа 67 луѓе легално да патуваат во европските земји заради работа.

Виетнамската полиција исто така ја повика владата да побара помош од Интерпол во издавање на меѓународна потерница за апсење на еден од осомничените кој живее во Кина, јавува новинската агенција.

Телата на 39 луѓе пронајдени се на 23 октомври минатата година во англискиот град Грејис, источно од Лондон.

Полицијата соопшти дека жртвите биле од Виетнам, на старост помеѓу 15 и 44 години.

Се верува дека жртвите, 31 маж и 8 жени, им платиле на криумчарите за илегално префрлање во Англија.

Полицијата соопшти дека мигрантите умреле од комбинација на недостаток на кислород и прегревање во затворен простор.

Неколку луѓе се обвинети и во Велика Британија за убиство или помагање во илегална имиграција.

„Камионот на смртта“, во кој се пронајдени 39 мртви на југот на Англија, предизвика огромно внимание во светската јавност во октомври минатата година.

Индонезиски студенти настрадаа во поплава на островот Јава

Најмалку шест мртви и шест исчезнат, тоа е билансот од ненадејното надоаѓање на вода од реката Семпор во провинцијата Јагјакарта, на индонезискиот остров Јава.

Ова го соопштија надлежните служби за борба против последици од елементарни непогоди во Индонезија.

Група од околу 250 студенти шетала на брегот на реката кога ги однела надојдената вода, пренесе „Ројтерс“.

„Оваа група студенти била во извидничка вежба по брегот на реката Симпор, немало никакви врнежи, но кога се приближиле до речното корито се појавил огромен бран на плима“, рекол претставникот од службата за борба против последиците од елементарни непогоди Агуса Вибовоа, пренесе „Ројтерс“.

Во извештајот на „АП“, меѓутоа се наведува дека билансон од несреќата на Јава е дури 10 загинати и повеќе повредени студенти.

Властите соопштија дека се спроведува заедничка спасувачка акција од страна на полицијата, службата за спасување и војската.

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството се уште ги штити Зоран и Вице Заеви

ВМРО-ДПМНЕ објави факти на денот.

Факти на денот:

  1. Обвинителството и Судот молчат, не го повикуваат Зоран и Вице Заев на распит.
  2. Зоран Заев и Вице Заев молчат за што разговарале со Јанева и Милески.
  3. Безбедноста и животите на полицајците под ризик, Славјанка Петровска директно брифира по медиуми за акција на МВР.
  4. СДСМ и Заев го раскрчмуваат водниот фонд на државата, продажбата на Тиквешко езеро ќе донесе милиони за луѓе блиски на Заев.
  5. Шекеринска платила 150% повисока сума за механизација и проневериле над 250.000 евра.
  6. Македонија на 3-то место во светот по стапката на невработеност на млади од 15 до 24 години, според „ Економист“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер