Блесок со златен сјај на јуниорките во Балканската лига

Блескави игри на македонските јуниорки на првото натпреварување во балканската лига во пинг понг  во Приштина.

Бојана Михајловска и Ана Стојановска го освоија првото место во екипна конкуренција и играа во финалето во поединечна конкуренција. Победник беше Ана Стојановска совладувајќи ја Бојана Михајловска со 3:0.

Балканската лига во пинг понг е основана на иницијатива на неколку балкански држави, иницијативата за нејзино формирање беше во октомври во Скопје на ИТТФ турнирот за јуниори и кадети. Балканската лига е поддржана и од европската пинг понгарска федерација, за што повеќе од доволно зборува фактот дека на отворањето на првото натпреварување во рамките на оваа лига присуствуваше и претседателот на ЕТТУ Роналд Крамер.

KTTA е домаќин на регионалната балканска лига "Conet TT", која се одржува во Палатата на младите и спортот во Приштина.

На церемонијата на отворање на Балканската младинска лига, претседателот на ETTU, Крамер, рече дека е многу среќен што е дел од инаугурацијата на иницијативата на земјите од регионот да ја организира балканската лига.

"Вакви организации помагаат во промоција и развој на пинг-понг", изјави Крамер.

На натпреварувањето во Балканската лига учество зедоа четири држави: Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора. Освен Албанија која имаше свои учесници само во една категорија во кадети, останатите три држави учествуваа во сите четири категории.

Нашата репрезентација беше претставувана од:

Кадетки:

Фани Јованоска, Сара С.Стојановска

Кадети:

Лука Стојчев,Александар Јакимовски

Јуниорки:

Бојана Михајловска, Ана Стојановска

Јуниори:

Теодор Волканоски, Даниел Зхоу Главевски

Најголем успех постигнаа јуниорките освојувајќи прво место во екипна конкуренција и прво и второ место во поединечна конкуренција.

Од јуниорите Даниел Главевски Зхоу го освои третото место, додека Сара С.Стојановска исто така беше трета во конкуренција на кадетки. Нашите натпреварувачи кај кадетите не успеаја да ги поминат елиминициите во групните натпревари.

Кадетите екипно беа третопласирани од четири репрезентации, кадетките беа втори од три репрезентации, додека најслаб пласман остварија јуниорите беа последно пласирани од три репрезентации.

Следното натпреварување во рамките на балканската лига ќе се одржи во Скопје на 8 и 9 Февруари, 2020 година.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер