ВМРО-ДПМНЕ: Во администрацијата владее тотален хаос

Како во многу сфери во македонското општество, така и во администрацијата владее тотален хаос!

После две години од формирање на Совет за реформа на јавна администрација, посебно последните триесет дена откако се договорија предвремените парламентарни избори во април 2020 година, се случуваат незапамтени во историјата на самостојна Македонија, незаконски партиски вработувања, притисоци и уцени врз администрацијата и општо непочитување на законите и законските обврски.

Имено, од 20 октомври 2019 година, до денес, согласно нашата евиденција, објавени се:

Над 1500 огласи за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за над 2500 лица, додека од 11.11.2019 година, откако одржав прес конференција пред зградата на Делегацијата на Европска Унија, до денес, објавени се нови 452 огласи за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за вкупно 519 лица.

За една недела, од страна на административните службеници и вработени во државните и јавни институции, пристигнати се стотици докази за поведени дисциплински постапки, незаконски распоредувања и отказни решенија и тоа:

- 32 Решенија за изречени дисциплински мерки

-90 Решенија за распоредување на пониско ниво

-55 Решенија за распоредување во друга општина, надвор од местото на живеење

-37 Решенија за отказ од работно место

Додека власта свесно ги злоупотребува институциите и нивните буџети за партиски цели, и со тоа ја загрозуваат иднината на сите граѓани, се гледа и од Извештајот за реализација на годишниот план за вработување објавен на страната на Министерството за информатичко општество и администрација, за периодот јануари – јуни 2019 година. Извештајот за периодот јануари – јуни 2019 година, ја потврдува бруталноста во практикување на власт на СДСМ. Државна институција, министерство, без срам објавува нецелосен документ, во кој за многу институции воопшто нема податоци, во кој има реализирано повеќе вработувања од планираните, во кој се планирани вработувања за една етничка заедница, а се вработени од друга, во кој не се внесени податоци согласно член 9 од Методологијата со која е уредено извештајот да содржи насловна страна и три дела, и тоа:

- Дел 1. Реализирани движења на вработените во рамките на институцијата во полугодието,

- Дел 2. Реализирани намалувања на бројот на вработени во рамките на институцијата во полугодието, и

- Дел 3. Реализирани зголемувања на бројот на вработени во рамките на институцијата во полугодието.

Со Законот за вработените во јавниот сектор во член 46 определена е Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност и ќе му се изрече на функционерот кој раководи со институцијата, ако:

- не достави извештаи за реализација на годишниот план за вработувања, или во извештаите внесе лажни податоци.

Дополнително ги потсетуваме членовите на Совет за реформа на јавната администрација на член 20-б став 9 од ЗВЈС кој гласи: Доколку и по истекот на рокот од став (8) на овој член функционерот на институцијата до Министерството за информатичко општество и администрација не достави усогласен план и не добие позитивно мислење, институцијата нема да може да спроведува постапки за нови вработувања. Императивна норма која доколку не се почитува, сите вработувања се ништовни!

Доказите и аргументите ќе ги доставиме денес до Делегацијата на Европската Унија.

Злоупотребите од страна на власта на СДСМ мора да запре, а законите мора да се почитуваат!

На власта и порачуваме: Обнова на Македонија следува и одговорност за вашите злоупотребите ќе има!

Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

„Политика“: Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор - 11 години без ЗСО

 Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува „Политика“.

За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово - Хашим Тачи, кој беше премиер.

Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник, го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник.

Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот.

Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика“. /МИА

притисни ентер