Франција даде зелено светло за Протоколот за НАТО

 Француското национално собрание денеска на пленарна сесија го изгласа законот за ратификација на Протоколот за членството на Македонија во НАТО.

Предлог-законот на министерот за Европа и надворешни работи со кој се овластува ратификација на Протоколот на Северноатлантскиот договор за пристапување на Република Македонија, изутринава беше првата точка на дневниот ред на Француското национално собрание, кое по расправата во која учествуваа претставниците на сите политички групи даде зелено светло за ратификацијата на Протоколот.

Расправата во Националното собрание се одржа по неговото усвојување од францускиот Сенат на 17 октомври.

Влегувањето во сила на Протоколот за пристапување на Македонија ќе и овозможи на земјата да стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса, откако сите 29 земји членки на НАТО ќе известат за ннеговата ратификација.

Пристапувањето на Македонија во НАТО, според објаснувањето дадено од француското министерство за Европа и надворешни работи ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата како целина.

Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на сопствените вредности на земјите-кандидатки и нивниот придонес за безбедноста на евроатлантската област.

По зеленото светло од Франција, останува Протоколот да го ратификува уште Шпанија. Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки до Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон, но во Шпанија на 10 ноември се одржаа избори, а таму според процедурите новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на земјава во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји сојузници, документот треба да биде ратификуван и во Собранието на Македонија, со што земјата станува 30-та членка на НАТО.

Лукаревска: Да го почекаме вториот круг, ќе бидеме фактор на стабилност за формирање нова Влада

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот, а не инаетот.

Изборите не се за нашите интереси и функции туку за доброто на државата, рече Сања Лукаревска во „Само вистина“ на Канал 5.

До кога вие ќе се правите поголеми Македонци од сите нас. Сите сме Македонци.

Сите меѓународни претставници кажаа дека ова е најдобрата преговарачка рамка и дека подобар договор не може да имаме. Ова е нашата последна шанса.

Во однос на можно коалицирање со ЗНАМ на Димитриевски: За танго се потребни двајца, да видиме после 8 мај дали делиме исти вредности.

Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа во изборна единица 2 на „Коалицијата за европска иднина“ вечерва се обрати на централниот митинг во Чучер Сандево од каде порача дека не постои разлика која е недостижна.

„На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од нула. Борбата не е завршена. Секој од нас има втора шанса да се вклучи енергично, со верба во себе и во СДСМ и да го промени текот на настаните. Ова од нас го бараат нашите деца, нашата држава, ова го бараат за да им ја заштитиме иднината.“ – кажа Битиќи

Дополнувајќи дека е потребен поглед напред, кон визијата за просперитетна и сплотена Македонија, членка на ЕУ, со силен економски раст и општество во кое секој граѓанин е третиран и ценет подеднакво.

„Една работа е јасна од првиот круг на претседателските избори, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска го достигнаа својот максимум на гласови, го достигнаа плафонот. Повеќе нема што да бараат, ниту да очекуваат од граѓаните на 8ми мај. Толку можат, ништо повеќе. А тоа не е доволно за победа на претседателските избори.

Ве уверувам дека со оваа реторика која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, со ксенофобијата на Гордана Силјановска Давкова не постојат гласови од албанскиот електорат кои тие ќе можат да ги добијат во вториот изброен круг на претседателските избори. За разлика од нив, пред нас е хоризонтот на гласови кон кој треба да се движиме на 8ми мај.“ – истакна Битиќи

Тој се осврна на фактот дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите. На Македонците, Албанците, Србите, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите - на сите кои се борат за европска држава.

“Упатувам повик за будење на сите прогресивни сили во нашата земја. Време е за уште повеќе средби со граѓани, да работиме за поголема поддршка, да ја испратиме нашата порака до секој еден граѓанин. Не е време за повлекување, за откажување. Обединети сме и ќе застанеме заедно – нема да дозволиме никој да ни ја раздели партијата или државата. Не се откажуваме ни од иднината а ниту од прогресивноста на заедништвото!“ – истакна Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Невиден резултат во хокеј: Голманот имал 65 одбрани, неговата екипа изгубила со 57: 0 (ВИДЕО)

Во моментов, во главниот град на Узбекистан, Ташкент, се игра првенството во хокеј на мраз до 18 години на Азија и Океанија.

На турнирот учествуваат Монголија, ОАЕ, Макао, Малезија, Иран, Индонезија, Индија, Тајланд, Кувајт и домаќинот Узбекистан.

Денеска се одигра натпревар меѓу Тајланд и Кувајт кој го понуди еден од најлудите и најнеобичните резултати некогаш видени во хокејот. Кувајќаните беа поразени со 57:0, а тоа само по себе, колку и да звучи лудо, не е врв на натпреварот. Имено, нивниот голман имал дури 65 одбрани.

За 60 минути игра, Тајланѓаните упатија дури 122 удари кон Фајсал Ал Ленкави. Сите играчи на Тајланд постигнаа барем по еден гол, освен двајцата резервни голмани.

притисни ентер