Премиерот Борис Џонсон како градоначалник на Лондон имал две љубовници !?

Додека Брегзит му лебди над главата, британскиот премиер Борис Џонсон има друг проблем во врска со тврдењата дека и помогнал на поранешната манекенка, претприемач и наводната љубовница Џенифер Аркаури.

Американската бизнисменка крена прашина овој викенд кога во интервју за ИТВ рече дека ги чува тајните на Џонсон, а тој и вратил така што „ја отфрлил како некаков гремлин“.

„Ви бев лојална и секогаш ве поддржував. Ги чував вашите тајни, јас бев ваш пријател.Не ми е јасно зошто ме блокиравте и игнориравте, како да бев девојка за една ноќ или некоја жена што сте ја собрале од бар - затоа што јас не бев тоа и вие тоа го знаете. Толку сум повредена што ме одби како да сум гремлинка “, му се обрати Аркаури директно на Џонсон во телевизиското интервју.

Аркаури не кажа каква точно врска имала со премиерот Џонсон, но објасни дека тие имале „посебна врска“ која нагло била прекината во еден момент кога Џонсон престана да реагира. Наместо тоа, таа добила одговор од помошникот кој одговарал на прашањата на Аркаури на кинески јазик.

„Му се јавив за да го прашам како да се поставам во сето ова медиумско внимание , но ми рекоа дека премиерот имал поважни работи. Ме отпуштија како една од девојките на Кенеди кои доаѓаа во Белата куќа да завршат „работа“, остро коментираше Аркаури.

Првите обвинувања дека премиерот го прекршил законот додека бил градоначалник на Лондон, заради привилегиите што и ги дал на Аркаури, излегоа во септември оваа година. Потоа, владата ги разгледа и ги отфрли тврдењата дека грантот од 100 000 фунти што го добила компанијата „Аркаура“ од Министерството за култура, е нелегален. Сепак, истрага за аферата со Аркаури спроведе и Независната полициска комисија (МОПЦ).

Покрај тоа, ќе има истрага за врската на премиерот со Хелен Мекинтајр, друга љубовница на Џонсон со која тој има и вонбрачно дете. Истрагата треба да покаже дали Џонсон, кој тогаш бил градоначалник на Лондон, го прекршил законот затоа што ја познавал Мекинтајр пред да се вработи како советник во Градското собрание. Првата истрага за аферата заклучи дека станува збор за „превид“ и дека Џонсон извршил „мало техничко кршење на кодексот на однесување“.

Оваа одлука е донесена пред осум години, но „Гардијан“ дознава дека случајот ќе биде преиспитан како дел од истрагата „Џонсон-Аракури“. Независна комисија ќе даде официјална изјава за тоа дали ќе има истрага по општите избори закажани за 12 декември.

Портпаролот на Конзервативната партија рече дека сите наводни незаконитости поврзани со однесувањето на Борис Џонсон се „неточни и неосновани“ и дека станува збор за „политички мотивирана“ истрага.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан уапси девет лица за кои верува дека се поврзани со осомничените за нападот во концертната сала во Москва.

Светските агенции повикувајќи се на извори во безбедносните сили на Таџикистан, денеска наведуваат дека осомничените се уапсени и поради нивните врски со огранокот на терористичката организација Исламска држава во Хорасан (ИСИС-К).

Според нивните информации, сите девет лица биле приведени на 25 март во градот Вахдат и се одведени во Душанбе.

Истражниот комитет на Русија вчера соопшти дека е уапсено уште едно лице осомничено дека учествувало во финансирањето на нападот во Москва. /МИА

притисни ентер