Холандија го одложи намалувањето на пензиите

Милиони пензионери во Холандија ќе бидат поштедени од намалувањето на пензиите во 2020 година, откако владата предупреди за веројатно намалување на пензиите и зголемување на придонесите во наредниот период.

Одложувањето се очекуваше со оглед на незадоволството од пензионерите и парламентарните избори во 2021 година. Сепак, одлуката може да му наштети на угледот на холандскиот пензиски систем, за кој многумина сметаат дека е најдобар на светот и пример за другите, забележува Ројтерс.

Министерот за социјална помош, Вутер Колмес, рече дека пензиите ќе бидат намалени следната година само доколку односот на средствата кон побарувањата падне под 90 проценти. Досега треба да бидат засегнати средства со коефициенти пониски од 94 до 95 проценти, вклучувајќи ги и најголемите фондови АБП и ПЗФВ.

„Навистина ја разбирам желбата да не се намалуваат пензиите“, напиша министерот Колмес во писмото до парламентот. Намалувањето „може да биде неопходно за да се одржи поддршката на системот како целина“, додаде тој.

Холандските пензиски фондови управуваат со средства во вредност од вкупно 1.500 милијарди евра, вклучувајќи 456 милијарди евра во пензискиот фонд на државните службеници и 238 милијарди евра во фондот за здравствена заштита.

На крајот на октомври, односот на средствата кон побарувањата беше 93,2% во АБП и 92,2% во ПЗФВ.

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер