Подготвителен министерски состанок на НАТО во Брисел

Столтенберг очекува протоколот за НАТО да биде ратификуван во почетокот на следната година.

Македонија полноправна членка на НАТО кон почетокот на следната година.Генералниот секретар на Алијансата очекува процесот на ратификување да заврши во декември.

Министерскиот состанок на НАТО во Брисел го следи Александар Видиновски...

Стоилковски: Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата

СДСМ и министерот за внатрешни Спасовски се вплеткаа во сопствената мрежа и лицемерие.

Вчера министерот за внатрешни Оливер Спасовски изјави дека влегол во компании поради долг на ВМРО-ДПМНЕ кој цитирам согласно Изборниот законик не смеел да остане и сите обврски требало да се затворат од оваа сметка.

Прво го повикуваме јавно да го цитира членот од законот кој санкционира постоење на долг, бидејќи таков член не постои, и во однос на ВМРО-ДПМНЕ се е кристално јасно и согласно закон.

Второ, Доколку Спасовски и натаму стои на таквото мислење, тогаш веднаш го повикуваме да влезе во испитување на долгот на СДСМ бидејќи согласно извештајот од претседателските избори тие должат 2,5 милиони денари.

Доколку Спасовски смета дека има нешто незаконски го повикуваме партискиот војник Оливер Спасовски да влезе и да го провери долгот на неговите владини коалициони партнери ДУИ, и коалицијата на Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошковски, бидејќи согласно извештаите од изборите 2016-та година ДУИ должела 2 милиони 300 илјади денари, а коалиционите партнери на Заев, Љубчо, Љубе и Стојанче над 3 милиони и 100 илјади денари.

Го повикуваме Спасовски да ги провери фирмите кон кои должи СДСМ и кон кои должат неговите коалициони партнери, и дали тоа не е извор на корупција.

Вистината е дека Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ од изборите оваа година.

Новинарско прашање: Може ли ваш коментар по синиќешниот извештај на Венецијанската комисија дека треба да се преиспита Законот за употреба на јазици.

Одговор на Наум Стоилковски: Венецијанската комисија и нивните ставови апсолутно се нешто што треба да се дел од законодавството во една држава од Европската Унија особено ако е аспирант за членство во Европската Унија и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите. Само за една споредба ете Бугарија која е членка на Европската Унија ги почитува во однос на нивниот проблем во однос на јавниот обвинител го почитува ставот на Венецијанската комисија.

Што се однесува до Македонија апсолутно ставот на Венецијанската комисија е важен затоа и се испраќа законскиот текст, претежно се испраќаат како предлог законски текст, а потоа се носат закони, а не како што беше во случајот со овој договор на СДСМ и ДУИ да биде донесен законот, а како велеа понатаму ќе ги имплементираат забелешките од Венецијанската комисија.

Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е за употреба на јазиците но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите. Така што тоа што треба да се направи е да се испочитува ставот на Венецијанската комисија гледаме дека тоа предизвикува нетрпеливост внатре во владината коалиција

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците

Укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците ќе ги испочитуваме и ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда.

Заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го кажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, изјави премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп, каде беше на увид на работите на клучката кај Технолошко-развојната индустриска зона.

-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите, рече премиерот Заев.

Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува.  – Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.

Како што реќе, СДСМ е авангардата за донесувањето на овој закон, заедно со коалицискиот партнер и дека поддршка дале и другите албански политички партии, но и другите партии од помалите етнички заедници, зашто тоа е придобивка за сите.

Премиерот Заев посочи дека станува збор за Закон за употреба на јазиците, онака како што предвидува Уставот.

Тој нагласи дека законските решенија се авангардни дури и за европските конвенции и дека Законот за употребата на јазиците не е за да се прави тензија, туку да се разбираме сите и да се почитува Уставот.

 – Не беше одамна кога го донесовме Законот за употреба на јазиците. Прво направивме авангардна, проевропска одлука, согласно со Уставот кое беше обезбедено за граѓаните, но со Закон не беше дозволено. Тоа го овозможивме. Функционира повеќе од една година. Почитувани прилепчани, струмичани, гевгеличани, гледате дека не мора да се учи албански, се разбира, освен оној кој сака да ги усовршува знаењата. Да ја разбиеме таа лоша теза која предизвикуваше одредени националистички нетрпеливости во државава. И самата Венецијанска комисија кажува дека Законот е авангарден. Дури ги поминува одредените европски конвенции во делот на правата на употребата на јазиците. Јазиците се да се разбереме, рече Заев.

Тој изрази уверување дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува. – Тоа ќе го направи СДСМ сигурно, а верувам сигурно тоа ќе го направат и нашиоте коалициски партнери зашто разговараме за оваа работа. Никој не сака да загуби предмет на суд или да биде неправично осуден, односно самата пресуда да не стигне, или каква било граѓанска постапка поради тоиа што одредено друго право било надминато поовеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено. Тоа не смееме да го дозволиме. Секако сите други укажувања ќе ги адаптираме, истакна Заев.

Министерството за правда, како што рече, ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе се испратат за да се каже (Венецијанската комисија) дали е тоа – тоа за да може соработката да ја потврдиме и ќе се пушти во Парламентот за тој да го констатира.

-Така, верувам дека транспарентноста е здрава за сите. Дури, ваквите авангардни решенија носат права, поголем квалитет на животот за сите во нашата мултиетничка земја. Дефинитивно сакаме да бидеме европска земја и Венецијанската комисија треба да ја почитуваме, рече премиерот Зоран Заев. /МИА

Петровска од Битола: Затекнав 12 блокирани училишта и 4.3 милиони евра долгови, денес нема училиште во кое не се гради и реконструира, е тоа е разликата

Откако ја наследив функцијата градоначалничка на Битола затекнав, очајни состојби во образованието и  4,3 милиони евра долгови, 12 блокирани училишта.

Во училиштата имаше ужасни услови за нашите најмили деца, тоа ВМРО-ДПМНЕ го остави зад нив, рече Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат" во Битола.

Петровска се осврна на вложувањата во образованието во последните 2 години. Денес нема училиште во кое не се гради и реконструира,  во моментов имаме изведба на инфрастуктурни зафати во Елпида Караманди, во училиштето во Кравари, во Трифун Пановски каде ќе се промовира и салата која е во завршна фаза, проблем поради кој години наназад нашите најмили не можеа да имаат физичко образование.

130 илјади евра обезбедивме за кровна конструкција и доградба во Техничкото училиште во Битола и тука не застануваме. Инвестиравме 266 илјади евра во градинките и ги подобривме условите за нашите деца, се грижиме за иднината и за нашите поколенија, потенцираше Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ да работеше барем 1/10 во нивните 12 години ќе направеше нешто добро за градот, но тие само уништуваа и грабаа за нивно богатеење, затоа има разлика, бидејќи ние градиме и го враќаме образованието во Битола на прав пат, заклучи Петровска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер