Живковиќ : ВМРО-ДПМНЕ крадеше од пензионерите, со СДСМ просечната пензија за 2,5 години порасна за 1.746 денари

Христијан Мицкоски денеска со нов обид да ги оспори успешните политики кои даваат резултати, рече на прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Никола Груевски крадеше од граѓаните и од пензионерите, а Мицкоски сака да го прави истото. Денес Мицкоски е против раст на минималната плата и е против раст на пензиите.

Денеска Мицкоски излажа дека не само што пензиите не растат, туку тие се крателе. Тоа не е точно.

Факт е дека во последните две и пол години пензиите растат постојано и ќе продолжат да растат.

Во 2020 година просечната пензија со последното покачување ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на власт до почетокот на идната година просечната пензија расте за вкупно 1.746 денари.

Владата предводена за 2020 година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите ќе пораснат за околу 900 денари.

Ако се врати стариот модел којшто го предлага Мицковски и ВМРО ДПМНЕ пензионерите ќе добијат зголемување од само 400 денари.

Што значи ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски предлагаат за 500 денари пониска просечна пензија за 2020 година.

Истовремено, моделот што денеска го предлага Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го применува додека беше на власт, но одлучуваше секоја година да им го оспори правото на законско зголемување на пензиите. Како пример ќе ја наведеме 2016 година кога ад хок паушалното зголемување го правеа на крајот на годината или поделено на 12 месеци - само 60 денари месечно. Ние, со покачувањето, за цела година даваме околу 10.000 денари или околу 850 денари месечно.

Додека ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски дрско манипулираат со граѓаните во врска со покачувањето на пензиите, СДСМ покажа и докажа дека може да стабилизира пензиски систем и истовремено пензиите да продолжат да растат.

Со пензиската реформа обезбедивме редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации. Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 19 милијарди денари.

Јасна е разликата помеѓу неодговорниот расипнички пристап на ВМРО-ДПМНЕ и политиките на СДСМ кои обезбедуваат стабилен пензиски фонд и повисоки пензии.

Го охрабруваме Мицкоски да продолжи да ја чита програмата на СДСМ. На тој начин ќе има можност да научи како се работи домаќински, одговорно и во интерес на државата и граѓаните.

Додека Мицкоски ја чита програмата, ние како одговорна партија продолжуваме да работиме на реализација на мерките што обезбедуваат еконмски раст, повисоки плати и пензии и повеќе пари во секое семејство, рече Живковиќ.

Хуманитарен концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска

Во Салон 19:19 во Скопје вечерва ќе се одржи концерт во сеќавање на Климентина Рафајловска (1977-1994), која била ученик на пијано и харфа во училиштето „Илија Николовски-Луј”.

На програмата ќе бидат изведени дела од композиторите Сен Санс, Равел, Буланже, Штолцел, Пијацола, Хенсон, Капле, Форе и Шостакович.

На концертот ќе учествуваат музичари од нејзината генерација, Ема Абаџиева – обоа, англиски рог, Весна Ангелова Христов – пијано, Орце Ицковски – фагот, Гордана Јаневска – виолина, Тереза Крцоска – виолина, Јанинка Невчева – пијано, Јулија Нелковска – виолина, Надежда Рубен – сопран, Боро Станковски – виола, Елена Стојческа – флејта, Дарко Трајковски – виолина, Мерсиха Шукри – харфа.

Соученичката на Рафајловска, Мерсиха Шукри, која е единствената харфистка во земјава во изјава за МИА вели дека целта, меѓудругото, е и да се подигне свеста и поддршката за болните од рак.

- Климентина Рафајловска ни беше соученичка во музичкото училиште. За жал, за кратко време нѐ напушти, се разболе од леукемија. Оваа година се навршуваат 30 години од нејзината смрт. Во таа чест, генерацијата се собравме да одржиме концерт во нејзина чест. Воедно, да ја подигнеме свеста и поддршката за сите заболени од лошата болест, вели Шукри, додавајќи дека животот е непредвидлив и затоа е потребно многу повеќе љубов и разбирање.

Човекот е покршлив од стаклото и многу малку е свесен дека секому може да му се случи, вели Мерсиха Шукри.

Во чест на Рафајловска, од 1995 до 2008 година беше доделувана наградата „Климентина Рафајловска” за првенец на генерација, од страна на истоимената Фондација. Меѓу добитниците на оваа награда се и Симон Трпчески, Ирина Наумовска, Никола Атанасов, Александар Краповски и други.

Средствата собрани со продажба на билетите и од донаторската кутија, ќе бидат донирани на Здружението посветено на пациенти болни со рак и нивни негуватели ХЕМА-ОНКО, а наменети за потребите на пациентите на Универзитетска клиника за хематологија.

Единаесет лица се повредени во сообраќајка на бугарски автобус во Турција

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници. /МИА

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер