Амбасадорот на Франција, Тимоние на работна средба со менаџментот на Канал 5 ТВ

Францускиот Амбасадор , Кристиан Тимоние, денес беше во работна посета на нашата ТВ компанија         

Со првите луѓе на Канал 5 ТВ, францускиот дипломат размени искуства од неговото професионално делување во Македонија, како и визија за нашето  идно членство во ЕУ.

Споделивме и идеи за идно претставување на квалитетна француска ТВ продукција на нашата програма, како и други моменти кои можат да бидат реализирани на програмата на нашата телевизија.

Тетовското музико училиште со традиционален концерт во чест на Свети Климент Охридски

Ученците од државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец" одржаа традиционален концерт по повод патрониот празник, а во чест на Свети Климент Охридски. 

Во еден час пред публиката беа изведени вкупно 21 композиции од дваесетина ученици од основниот и од средниот оддел на училиштето.

-Комисијата имаше неблагодарна работа да одбере кој да настапи на годинешнито патронат. Убаво е чувството, се множат годините, ни оди во пресрет 70-годишнината. Се надевам дека следната година предизвик за поголелма и помасовна организација и ќе ги видиме на концертно достигнување на наученото кај ученциите и нивните наставници досега во текот на годината, изјави директорот Љупчо Перински.

На денот посветен на Свети Климент Охридски пуштена во употреба новоизградената концертна сала.

-Секоја година поголем е интересот за запишување музичкото училиште и со тоа се одржува големата традиција.Освен патронатот, имаме и новогодишен концерт како и задолжителниот концерт за сите ученици по класи, рече Перински.

Во текот на годината училиштето го бележи еден од најголемите успеси на 10 годишниот Ерденај Сали кој освои специјална награда на седмиот меѓународен натпревар за млади музичари „Охрид те сакам". Меѓу триесетина учесници, доби по 100 бодови од сите четворица професори членови на меѓународното стручно жири. /МИА

Три лица под истрага за трговија со кокаин

По предлог на обвинителството на осомничените со решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По неколку месечна соработка со Министерството за внатрешни работи и прибрани оперативни информации и сознанија по насока на јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден беше спроведена акција  во која тројцата осомничени се лишени од слобода и изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. По предлог на обвинителството на осомничените со решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Јавното обвинителство.

Според првичните сознанија откако братот на еден од осомничените, кој живее во Швајцарија, набавил наркотична дрога – кокаин од страна на тројцата осомничени бил организиран транспорт на истата до Скопје. Еден од осомничените кон крајот на минатиот месец авионски отпатувал во Швајцарија од каде со возило „Сеат Леон“ во која била сокриена дрогата се упатил кон Република Македонија. Поради несогласувања со неидентификувано лице, осомничениот го оставил автомобилот на бензинска пумпа во близина на Бујановац, а другите двајца осомничени со друго возило дошле по него. При обид за влез во нашата држава, на граничниот премин Табановце, осомничените биле задржани и при претрес на возилото бил пронајден клучот од паркираното возило.

Во соработка со Вишото јавно обвинителство во Врање и српската полиција се преземени дејствија и при претрес на возилото, во делот под резервната гума, е пронајдена прашкаста материја со тежина од 901 грам која со прелиминарен тестер покажува дека се работи за наркотична дрога – кокаин. Доказите и вештачењето на дрогата во текот на вчерашниот ден се доставени до надлежниот обвинител од Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во понатамошниот тек на постапката соработката со органите на Република Србија ќе продолжи преку меѓународна правна помош.

Гевгелиските пензионери садеа дрвца во детските градинки

Педесетина садници од јавор, бреза, божиќно дрвце и мушмула денеска засадија гевгелиските пензионери во акцијата за пошумување што ја реализираа во детските градинки „Детска радост", „Сончогледи" и „Цветови" во Гевгелија.

-Акцијата „Пензионерите пошумуваат" според нашата програма за спорт и рекреација ќе стане традиционална и во договор со локалната амоуправа ќе се организира секоја година во месец декември на различни локации во општината, рече претседателот на гевгелиските пензионери, Велин Стојменов.

На акцијата присуствуваше и Елизабета Стефановска, директорка на Јавната општинска установа „Детска радост", која им изрази благодарност на пензионерите за нивната благородна акција./МИА

притисни ентер