Доаѓа новиот BMW i4, не се знае изгледот , но е позната силата

И додека светот следи што може да направи новиот електричен Мустанг, БМВ излезе со детали  за нивниот ноц електричен адут.

Електричната новост е именувана како i4, ќе биде еден вид Gran Coupe од 4. серија, а само батериите ќе тежат неверојатни 550 кг. Според тоа, погонскиот електричен мотор ќе испорачува најмалку 390 kW / 530 КС, се со цел да се понуди удобност на класичен модел со V8 мотор на почетокот, потенцираат од BMW. Со овој мотор може да достигне 100 км на час за 4 секунди и да вози над 200 км на час.

А, споменатата батерија од половина тон ќе има капацитет од 80 kWh и ќе обезбеди опсег од 600 км. Но, BMW не го открива стандардот со кој беше во можност да го изврши. Затоа, велат дека полнењето до 80% трае само 35 минути, односно автомобилот мора да застане на станица за полнење шест минути.

BMW веќе ги објави i4, iX3, а се зборува и за i7. Во секој случај, очекувајте 25 електрифицирани модели од BMW до 2025 година.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер