Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбул, Австрија“

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ happy картичките кои во периодот до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД.

НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard haPPy кредитните картички во која еден среќен добитник ќе го однесе на ски-трките во Кицбул, а на 52 лица ќе им донесе велосипед или електричен тротинет.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ happy картичките кои во периодот до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД.

На среќните добитници, за времетраење на  наградната игра, секој ден, во периодот што следува, ќе им биде доделен по еден градски велосипед, а еднаш неделно, по еден електричен тротинет. Главното извлекување ќе биде на 31 декември, кога НЛБ Банка и Mastercard на најсреќниот добитник ќе му подарат единствено зимско доживување за двајца во еден од најпознатите скијачки центри Кицбул, Австрија. Патувањето ќе биде организирано во период од од 20 до 25 јануари 2020 година за времетраење на најпознатите ски-трки во Кицбул со ексклузивна можност за следење од ВИП ложата.  

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.

Повеќе информации за наградната игра можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на следниот линк.

Гевгелиските пензионери садеа дрвца во детските градинки

Педесетина садници од јавор, бреза, божиќно дрвце и мушмула денеска засадија гевгелиските пензионери во акцијата за пошумување што ја реализираа во детските градинки „Детска радост", „Сончогледи" и „Цветови" во Гевгелија.

-Акцијата „Пензионерите пошумуваат" според нашата програма за спорт и рекреација ќе стане традиционална и во договор со локалната амоуправа ќе се организира секоја година во месец декември на различни локации во општината, рече претседателот на гевгелиските пензионери, Велин Стојменов.

На акцијата присуствуваше и Елизабета Стефановска, директорка на Јавната општинска установа „Детска радост", која им изрази благодарност на пензионерите за нивната благородна акција./МИА

Изложба на скулптурот Слободан Милошески во Гевгелија

 Во Гевгелија синоќа беше отворена изложба на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации," од авторот Слободан Милошески.

На изложбата која е поддржана од Министерството за култура, Милошески пред гевгеличани се претстави со 15 скулптури.

Критичарите на уметноста го сметаат за еден од најдобрите македонски скулптори во групата уметници кои работат во доменот на апстрактно – минималистичкиот концепт поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско импровизирани материјали за создавање дела од разни размери.

-Најважно е што неговите скулптури имаат изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен да учествува во тој динамизам станувајќи вовлечен во нивниот раст, со што тие, скулптурите, се чувствуваат како длабоки човечки движења во потрага по спокојот,рече на отворањето гевгелиската уметничка Мирјана Крстева Массетти.

Авторот Слободан Милошески досега реализирал повеќе од 20 самостојни изложби и учествувал на 60 групни изложби во земјата и странство на кои добил 13 награди и признанија.Член е на ДЛУМ од 2009 година, а моментно работи како доцент на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев" во Штип. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско

Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско. Наместо ветените 500 евра од поврат на ДДВ, граѓаните добиваат по 1.000 денари и тоа не сите, и тоа ќе го добијат помалку од 10% од потенцијалните корисници на оваа мерка на владата на СДСМ.

Но затоа, милиони евра завршуваат во џебовите и сметките на функционерите од власта чии фирми добиваат тендери, јавни набавки, грантови и слични повластици од народните пари.

Додека ја замајуваат јавноста со 1.000 денари од поврат на ДДВ и слични популистички мерки, кланот Заеви стана најбогатиот клан не само на Балканот туку и пошироко. Граѓаните јасно гледаат дека од ден во ден се потешко се живее обичниот човек, ама затоа цветаат бизнисите со марихуана, градежните, транспортните и многу други фирми кои ги поседуваат Заеви.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер