Доколку не морате , не излегувајте од дома- Силно невреме по пожарите во Сиднеј (ВИДЕО)

Силни ветришта од утрово ги раширија  десетиците пожари низ источниот брег на Австралија, при што силниот чад се разнесе преку Сиднеј, за веднаш потоа најнаселениот град во земјата да биде на удар на силно невреме со град со големина на бејзбол топче.

Градот , дождот и ветрот попладнето го опустошија Сиднеј и околината и предизвикаа голема материјална штета.

Пожарите уништија околу еден милион хектари обработливо земјиште и шуми во последните неколку недели во регионот, поттикнати од екстремно сушните услови по тригодишната суша за која експертите велат дека е засилена од климатските промени.

Силните ветришта им помагаат на пожарите - дури 60 се разгорени низ австралиската држава Нов Јужен Велс - а спасувачите велат дека чадот од Сиднеј во некои делови на градот е 10 пати повеќе од дозволеното ниво.

Поплави после силните врнежи, 12 лица се удавиле во Уганда

Најмалку 12 лица настрадале во поплавите предизвикани од силните врнежи на западот од Уганда, соопшти локалниот Црвен крст.

„Пронајдовме 12 тела во вода како и едно повредено лице кое е префрлено во болница“, наведуваат од Црвениот крст.

Полицијата, војската и мештаните се во потрага по  исчезнатите по поплавите. Властите наведуваат дека се уште не се знае колку луѓе исчезнале во поплавите близу границата со Конго.

Поплавите се честа појава во тоа подрачје, но научниците наведуваат дека оваа година е забележан поголем број поради климатските промени на Индискиот океан.

САД и Иран разменија затвореници

САД и Иран разменија затвореници, Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец, во редок чин на соработка меѓу двата долгогодишни непријатели чии односи се влошија откако Трамп е претседател.

Швајцарија посредувала во размената, а иранската државна новинска агенција „ИРНА“ јавува дека министерот на надворешни работи Мухамед Џавад Зариф го поздравил ослободениот Иранец во Цирих. Во соопштението кое го објавила Белата куќа Трамп не го споменал ослободувањето на Иранецот, но се заблагодарил на швајцарската влада за помошта во случајот за ослободувањето на американскиот државјанин.

-Ослободувањето на Американци кои се држат во заложништво е од витално значење за мојата администрација и ние ќе продолжиме напорно да работиме на враќањето во своите домови на сите наши граѓани неправедно затворени надвор од земјата, рекол Трамп.

Нови аудио снимки за случајот рекет на Јутјуб, гласот наликува на Орце Камчев

Седум кратки снимки се појавија на Јутјуб во кои се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“.

На снимките се слуша како тој бара контакт со Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и вели дека ако не се заврши работата, „ќе крварат сите“.

„Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив. И на ферка, така се претплатив, само чисто да биде“,– се слуша на снимките..

„Никој не знаеме кој што има од тоа време, реално не знаеме. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо“, вели гласот кој наликува на бизнисменот оштетен во „Рекет“.

Во дел од снимките се слуша како и преку посредник биле испраќани пораки до премиерот во кои се бара примирје. Во другите снимки се слушаат закани дека „ако не се спушти топката“ ќе „бомбардирал“ од Бугарија, по што ќе дошол Мицкоски и потоа ќе имало „крв до колена“.

„Јас ќе отидам во Бугарија и што тогаш, ќе пуштам како Ким Јонг, па тепајте се во Македонија и ќе отиде се во пи*** материну. И ќе дојде Мицкоски, и што правиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека во 30 години најпаметните беа Љубчо и Бранко, седнаа се договорија“, вели човекот.

„ Не, ама смешно не е, трагично е. Лошо е да „умреш со ваква смрт“, како Заев. Бар заврши работа, промени име, не стави во НАТО, бар нешто големо направи човекот, ја на интервју го „утепав“ од фалење, и он мене во затвор!?“, се слуша во снимките.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“ изјави дека аудио снимките не се дел од доказите не се дел од доказите кои странките во постапката им ги доставиле.

„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.

притисни ентер