Истражување: Еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12 немаат ниту за храна

Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.

Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиоит институт – Тим институт, а денеска беа претсавени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.

Филип Димитровска, претседател на Асоцијацијата потенцира дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можнсотите што им се нудат.

-Тоа е евидентно во резултатите дека само шест отсто земале кредит од небанкарско финансиско друштво во изминатите 12 месеци и високи 52 отсто не користеле ниту една финансиска услуга од понудените во изминатите три години.

Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Го наведе податокот од истражувањето дека две третини од оние кои зеле кредит од финансиско друшто се изјасниле дека доколку тоа не постоеле ќе позајмеле од роднини или пријатели.

Корисници на услугите од финансиските друштва се шест проценти од кредитоспособното население. Најчесто, како што рече Димитровски, ги одбираат услугите на финансиските друштва заради брзината на работењето, полесни поразбирливи услуги, подобра вредност за парите и желбата да пробуваат нови иновативни финансиски услуги. Најчеста причина заради која ги земаат средствата се поправки во домот, итни поправки и слично, различни поважни набавки како мобилен, апарата за домаќиснтва, домаќинство, мебел. итн и сервисирање на други обврски./МИА

МД „Илинден“ бара Комитетот за национални малцинства во Тирана да постави повеќејазична табла

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.

-На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашетобарање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Комитетот за национални малцинства е институција формирана од владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија.

Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

Врховен ја уважи жалбата на таткото на Вања, излегува од притвор

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител ја уважи. 

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

Првите шест француски воени авиони Рафал слетаа во Загреб (ВИДЕО)

Две години и пет месеци откако Министерството за одбрана на Република Хрватска потпиша договор со Франција за купување на ескадрила користени повеќенаменски борбени авиони Рафал, првите шест авиони од типот Ф3-Р слетаа на аеродромот Плесо.

Така започна конечната реализација на зделката вредна 1,2 милијарди евра, што Загреб требаше да ги одвои за 12 авиони, опрема, резервни делови и обука на пилоти.

Летот од Бордо до Загреб траел еден час и 40 минути, а четири едноседи и два двоседи влегоа во хрватскиот воздушен простор над северниот дел на Јадранот.

„Рафал е авион со два мотори што има напредни сензори, напредни електронски системи... Тој е еден од ретките авиони што може да се наполни со гориво во воздухот, односно од други авиони. Има супер крстарење, може да оди со брзина од 1,4 мах без согорување на дополнително гориво, што го зголемува неговиот домет, а ја намалува потрошувачката на гориво И обично ќе најдете во литературата дека не е повеќенаменски авион, туку омни-наменски“, објасни Давор Третињак, раководител на Секторот за оружје и опрема на Министерството за одбрана.

„Добивме авион кој е „менувач на игри“, кој тотално ја менува играта во секој поглед. Со Rafale стануваме респектабилна сила во заштитата на воздушниот простор и им даваме можност на сите други да видат што имаме. Ништо не криеме, но јасно знаеме дека моментално сме во ваква ситуација со Rafale, со неговите способности, со луѓе кои се едуцирани да ја користат таа платформа на сили во регионот и како НАТО сојузник сме за почит“, рече бригадир Станко Хржењак од Одделот за воздухопловна безбедност на ХРЗ.

Идентитетот на луѓето кои биле во Франција на обука за пилотирање на Рафал е тајна.

Свеченоста за прием на првата група авиони се одржа во касарната „Полковник Марко Живковиќ“ во Плесо кај Загреб, каде ќе бидат сместени авионите долги 15,3 метри, со распон на крилата 10,9 метри и висок 5,34 метри. Целиот настан во организација на Министерството за одбрана беше директно емитуван на четвртата програма на ХРТ.

Во комплексот со вкупна површина од околу 20.000 метри квадратни, наменски се изградени нови згради за симулатори и ескадрила, хангар за одржување, згради за одржување на мотори, магацин за резервни делови и хангар за сместување на авиони. Вредноста на целиот комплекс се проценува на околу 37 милиони евра, пишува хрватскиот портал Index.hr.

притисни ентер