Заев-Јоурова:Македонија покажа добри резултати во борбта против корупцијата

На средбата е изразена почит кон постигнувањата на премиерот Заев и на Владата на политички и на реформски план. 

 Премиерот Зоран Заев и еврокомесарката за правда Вера Јоурова денеска на средба во Скопје оцениле дека државава покажала добри резултати во борбата против корупцијата, но оти е потребна е трансформација на правосудниот систем во насока на поголема ефикасност во работата, согласно со европските стандарди и вредности. На состанокот,  соопшти владината прес-служба, е потврдено дека е потребно одржливо решение за продукција на капацитети во правосудството, постигнато на транспарентен начин и со висок професионализам.

-На средбата е изразена почит кон постигнувањата на премиерот Заев и на Владата на политички и на реформски план. Констатирано е дека Договорот од Преспа е редок, позитивен пример на градење пријателства, наспроти се уште постоечките политики на радикализам и национализам и дека тоа го вреднува и новиот состав на Европската комисија. Пораката е дека Република Македонија се движи во вистинска насока и дека ќе продолжи активната соработка со ЕК, соопшти владината прес-служба.

Покажавме, рекол Заев на средбата, неселективна борба против криминалот и корупцијата. – Донесовме легислатива за судството со консензус и според европските стандарди. Но, потребна е поефикасна имплементација на законите, што ќе се обезбеди низ можностите за конкурентност, што сега не е случај, поради недоволниот број на судии и јавни обвинители, укажал Заев.

Реформите, меѓу кои и во правосудството, како што нагласиул, се значајни не само поради европските интеграции, туку и поради економијата, којашто во нашата држава бележи раст.

-Економските параметри растат. Продолжуваме со реформите. Продолжуваме со пријателствата. Ни треба охрабрување на проевропските сили во општеството. За Македонија е во ред се што значи отворени перспективи за евроинтеграциите, рекол Заев, посочувајќи дека тоа ќе има позитивен импакт и во регионот и во одлуките на граѓаните, посебно на младите луѓе, да ја гледаат својата иднина во родната земја.

Заев и Јоурова  разговарале и за работата на новата Европска комисија, од каде што има најави за фокус кон позитивна агенда, кон актуелни прашања како што се климатските промени, дигиталната трансформација, стратегија за проблемот со миграцијата, повеќе кон превентива, отколку кон реактивни политики.

-Договорена е активна соработка со еврокомесарката Јоурова во делот на владеењето на правото, заштитата на демократијата и изборите, што е нејзина област, посебно што таа во ЕК ќе биде надлежна за портфолиото – европски вредности и транспарентност, што е од голема важност и за граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението.

Македонија на 65-то место на рангирањето на „Global Peace Index“

Република Македонија се наоѓа на 65-то место на рангирањето на „Global Peace Index“ за 2019 година напредувајќи за 23-места во однос на минатата година, што ја прави земјата една од петте земји во светот кои забележале најголем напредок.

-Македонија трета година по ред бележи постојан напредок со промена на оценката од 0,127 во 2019 година. Ова резултираше со тоа што се искачи за 23 места во графичкиот процесор и се наоѓа на 65-та позиција што е највисок ранг од почетокот на индексот во 2008 година, се вели во извештајот на „Global Peace Index“.

Најголемата позитивна промена, се додава, беше резултат на подобрувањето во односите со соседните земји. Сегашната влада, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги подобри односите со ЕУ и особено со Бугарија и Грција. Според индексот има големо подобрување и доменот на безбедност и сигурност, намалување на насилниот криминал и подобрување на индикаторот за политичка нестабилност.

Сепак, се потенцира и дека остануваат ризици поврзани со етнички тензии и политички спорови,

вклучувајќи ја и промената на името на земјата, која повторно се појави како спорно прашање на претседателските избори во 2019 година./МИА

Протести во Париз, демонстрантите мавале врз полицијата, полицајците возвратиле со солзавец

Полицијата во Париз имала судир со учесниците на протестите на движењето „Жолти елеци“, кои се придружија во бранот протести против владините реформи на пензискиот систем.

Протестите, на кои се собрале неколку илјади демонстранти, во главно поминале мирно, но одредени демонстранти мавале врз полицијата со разни предмети на што им било возвратено со солзавец во повеќе наврати.

Учесниците во протестите на „Жолтите елеци“ марширале од зградата на Министерството за финансии на реката Сена до југоисточниот дел на Париз.

Тие како и во претходните протести, протестирале против економската неправда, но и против реформите во пензискиот систем за кои сметаат дека се на штета на вработените.

Поплави после силните врнежи, 12 лица се удавиле во Уганда

Најмалку 12 лица настрадале во поплавите предизвикани од силните врнежи на западот од Уганда, соопшти локалниот Црвен крст.

„Пронајдовме 12 тела во вода како и едно повредено лице кое е префрлено во болница“, наведуваат од Црвениот крст.

Полицијата, војската и мештаните се во потрага по  исчезнатите по поплавите. Властите наведуваат дека се уште не се знае колку луѓе исчезнале во поплавите близу границата со Конго.

Поплавите се честа појава во тоа подрачје, но научниците наведуваат дека оваа година е забележан поголем број поради климатските промени на Индискиот океан.

притисни ентер