Димитров во Брисел на подготвителен состанок за декемврискиот Самит на НАТО

Предвидено е министерот Димитров во оваа прилика да ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: 

 На покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Северноатлантскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.  

 Македонија, која во моментов има статус на „поканета" земја за членство во НАТО, активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања, соопшти Министерството за надворшни работи. 

– Предвидено е министерот Димитров во оваа прилика да ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес, се посочува во соопштението од МНР. 

На маргините на Состанокот, шефот на дипломатијата ќе оствари повеќе билатерални средби со министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на Алијансата.

Намалена видливост од 20 до 30 метри на патот Дебар – Струга

Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патниот правец Велес – Штип, до 100 метри на патниот правец Тетово – Скопје, од 20 до 30 метри на патниот правец Дебар – Струга.

До 50 метри е видливоста на патниот правец Куманово – Свето Николе, до 50 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар, информираат од АМСМ.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива по наместа влажни коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. /МИА

Министерот Димитров во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи  Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел.

Како што соопштуваат од МНР, министерот Димитров денеска ќе учествува на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и министерот за надворешни работи на Албанија, во организација на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

– Работниот појадок, непосредно пред одржување на Советот за надворешни работи на ЕУ, ќе претставува можност министерот Димитров да ги запознае колегите министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ со последните политички случувања во земјата, со фокус на клучните приоритети поврзани со владеењето на правото, како и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија. Воедно ќе го повтори барањето Советот што е можно поскоро да постигне согласност за новата преговарачка методологија и без понатамошно одлагање да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори со Македонија, посочуваат од МНР.

Во рамки на посетата на Брисел, министерот Димитров ќе се сретне со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување, со шефот на кабинет на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со шефот на кабинет на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Од МНР информираат дека предвидени се средби и во Европскиот парламент со претседателот на групата Обнова на Европа, Дачијан Чолос и со повеќе европратеници./МИА

Сончево со локална облачност и со услови за магла по котлините

Времето ќе биде претежно сончево со локална облачност и со услови за појава на утринска магла по котлините. Потоа ќе преовладува променливо и врнежливо време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 4 степени, а дневната од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со локална облачност со услови за појава на утринска магла по котлините. Утринската температура ќе достигне до минус 1 степен, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Од ноќта кон вторник од запад ќе почнат врнежи од дожд, кои на планините ќе бидат од снег.

Од вторник кон крајот на денот на запад и на север дождот ќе поминува во снег и на

повисоките места. Овие врнежи повремено ќе се поинтензивни (над 25 л/м2) особено во

западните делови и на југ. /МИА

притисни ентер