Лепа Брена и Саша Поповиќ, заедно со Сопругот на Брена Слободан Живојиновиќ ги продале и останатите 49 проценти од „Гранд продукција“ на компанијата „Јунајтед медија“, која уште во 2014 година го купи пакетот од 51 проценти од акциите за околу 15 милиони евра.

Саша и Брена со новата продажба заработија уште 17 милиони евра , колку што инкасираа и пред 5 години.
Целата трансакција ќе биде завршена до крајот на годинава.

Според српските медиуми Брена и Саша до крајот на годината ќе се повлечат од „Гранд“ , но Поповиќ ќе продолжи да работи на сегашните емисии но сега за плата.
Уделот на Лепа Брена во „Гранд“ во преостанатиот дел од Гранд бил 25 проценти, што значи дека ќе заработи 7650 000 евра, а Саша за делот од 24 проценти ќе добие 7350 000 евра.